Русија ја испровоцира прехранбената криза за да го искористи снабдувањето со пченица, пченка, масло како оружје. Исто како што тоа веќе го прави со гасот и нафтата. Русија создава дефицит, игра на тоа да ги зголеми цените и кога тоа предизвикува социјални немири, бара политички отстапки. Тоа не треба да работи со храна, истакна украинскиот претседател Зеленски.
„Денес првиот брод со украинско жито пристигна на Босфор, минувајќи низ специјален коридор во Црното Море, кој беше договорен за деблокирање на нашите пристаништа.
Нашата цел сега е да имаме регуларност: за кога еден брод го напушта пристаништето, да има и други бродови – и оние што утоваруваат и оние на пристапот до пристаништето. Континуитетот и регуларноста е неопходен принцип. Тоа им е потребно на сите потрошувачи на нашите земјоделски производи.
Веќе е кажано многу за тоа зошто е важно да се обнови украинскиот земјоделски извоз. Сега ќе додадам само еден детал. Годинешниот извоз е потребен за нашите земјоделци и земјоделски компании да имаат доволно ресурси за сеидбата догодина.
Ова е прашање на безбедност на храната и за нашата земја – сега се обезбедува следната година.
Русија ја испровоцира прехранбената криза за да го искористи снабдувањето со пченица, пченка, масло како оружје… Исто како што тоа веќе го прави со гасот и нафтата. Русија создава дефицит, игра на тоа да ги зголеми цените и кога тоа предизвикува социјални немири, бара политички отстапки. Тоа не треба да работи со храна.
Се разбира, разбираме со кого си имаме работа. И во Русија разбираат дека губат една од можностите да го тероризираат светот.
Но, кога светот е обединет, кога партнерите ги исполнуваат своите обврски, може да се постигне потребниот резултат. Ќе видиме како ќе функционира иницијативата за жито во наредните денови.
И сакам сите во Украина да го сфатат ова – и покрај дезинформациската кампања за иницијативата за жито, која ја шират непријателите на нашата држава… Секоја гривна заработена од нашите земјоделци и сите обновени меѓународни врски на Украина ќе придонесат за зајакнување на нашата држава.
Денес разговарав со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Се разбира, клучната тема е одбранбената поддршка на нашата борба за слобода, ова е интеракција што мораме постојано да ја зајакнуваме за нашите заеднички интереси.
Во Кијив денес престојуваше Претседавачот со ОБСЕ и Министер за надворешни работи на Полска, Збигњев Рау – му се заблагодарив за поддршката.
Во преговорите и со г-дин Столтенберг и со г-дин Рау, посветив посебно внимание на прашањето за нашите воени заробеници кои ги држи Русија. Вклучително, ова се однесува и на рускиот терористички напад во Оленивка, кој треба да стане одлучувачки аргумент за сите цивилизирани земји во светот официјално да ја признаат Русија како терористичка држава.
Што уште е потребно за ова? Зарем ова не е доволно брутален и очигледен чин на тероризам за релевантните одлуки да се признае Русија како терористичка држава во клучните престолнини на светот?
Се разбира, окупаторите добиваат суштински одговор за сите нивни злосторства на бојното поле. Во овој контекст, денес сакам да му се заблагодарам на Претседателот на САД, Бајден и на целиот американски народ за новиот пакет одбранбена поддршка за Украина.
Зборот „HIMARS“ стана речиси синоним за зборот „правда“ за нашата земја, а украинските бранители ќе направат се за окупаторите секоја недела да доживуваат сè поболни загуби благодарение на овие многу ефективни системи.
Да, навистина, сè уште не можеме целосно да ја скршиме предноста на руската армија во артилерија и во жива сила, а тоа многу се чувствува во битките, особено во Донбас – Писки, Авдијивка, други правци. Таму е едноставно пекол. Не може ни да се опише со зборови…
И секој Украинец секогаш треба да им биде благодарен на нашите војници кои ги бранат украинските позиции таму и покрај значителната огнена супериорност на терористите.
Но, секој ден нашите дипломати и сите други претставници на нашата држава прават се што е можно и сè што е невозможно за Украина да добие оружје што на крајот ќе помогне да се запре оваа орда и да се убедат сите што сè уште се сомневаат во снабдувањето.
Денес им благодарам и на овие луѓе – на секој и секоја кој обезбедува снабдување со оружје, кој ги промовира потребните решенија во државите партнери, кој буквално живее во овие преговори за оружје.
Имаме и уште една одлука за зајакнување на санкциите против Русија за војната – САД и Канада го проширија списокот на физички и правни лица против кои се применети ограничувања.
Ова е вистинскиот начин и неопходно е Европската унија што поскоро да ја пополни паузата за санкциите со усвојување на нов пакет санкции против терористичката држава. Ќе работиме на ова во наредните недели.
Вечерта потпишав укази со кои ги наградив нашите бранители. На 167 војници на Вооружените Сили на Украина им беа доделени државни награди, од кои 32 постхумно. Со друг указ беа наградени 16 разузнавачи, од кои еден постхумно. Исто така – 122 вработени во Службата за безбедност на Украина, двајца – постхумно.“