ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Американската кошаркарка Бритни Гринер рускиот суд ја осуди на 9 години затвор, остри реакции од САД

August 4, 2022 19:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Brittney Griner Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Brittney Griner Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Share on FacebookShare on Twitter

Американската кошаркарка Бритни Гринер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на девет години затвор поради поседување и шверц на дрога.

Судот ја прогласи обвинетата за виновна за илегално поседување и трговија со значителна количина дрога“ изјави судијката Ана Сотникова. Судијката рече дека обвиненијата за поседување и трговија со дрога се докажани на судењето и оти времето поминато во притвор ќе се пресмета во казната на Гринер.

Грајнер во притвор е од 17 февруари, кога беше приведена на руски аеродром откако властите во нејзиниот багаж пронајдоа помалку од еден грам хашиш-масло. Гринер, исто така, е казнета и парично, во износ од еден  милион рубљи, што е приближно 16.300 долари.

Претходно денеска руското обвинителство побара затворска казна од девет и пол години, додека одбраната побара ослободување.

Сопругата на Гринер, кошаркарките од нејзиниот тим, соиграчките од ВНБА, како и спортисти од сите спортови, веднаш упатија остри реакции и побараа нејзино ослободување.

Реакција веднаш дојде и од американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека пресудата на рускиот суд е неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

„Денеска, американската државјанка Бритни Гринер беше осудена на затвор, што е уште еден потсетник на она што светот веќе го знаеше: Русија погрешно ја затвора Бритни“, нагласи Бајден во изјавата.

Тој додаде дека тоа е неприфатливо и ја повика Русија веднаш да ја ослободи Гринер, „за да може да биде со партнерката, саканите, пријателите и соиграчите“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен, исто така упати критики по повод пресудата и рече дека тоа „дополнително ја зголемува неправдата од нејзиниот незаконски притвор“ и ја зголемува американската загриженост за „рускиот правен систем и употребата на погрешни притвори од страна на руската влада заради унапредување на својата сопствена агенда, користејќи поединци како политички пиони“.

Правникот тим на 31-годишната кошаркарка најави дека ќе се жали на пресудата, истакнувајќи дека Судот ги игборирал сите докази што тие ги доставиле.

„Многу сме разочарани од пресудата. Како правни професионалци, сметаме дека судот треба да биде праведен кон сите без разлика на националноста. Судот целосно ги игнорираше сите докази на одбраната и што е најважно признавањето на вината“, се вели во соопштението.

„Ова е во спротивност со постојната правна практика. Имајќи ја предвид количината на супстанцата (да не зборуваме за недостатоците при експертизата) и изјаснувањето, пресудата е апсолутно неразумна. Сигурно ќе поднесеме жалба“, додаваат тие. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk