ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Нема назад од патот кон ЕУ, 11 години оваа земја беше држена во заложништво

Јас сметам дека ние во моментов треба да разговараме како треба да изгледаат преговарачките тимови, како поефикасно да функционира Собранието. Доста беа блокади, доста беше бојкотирање во Собранието, рече Ковачевски во интервју за Канал 5. 

August 4, 2022 09:25
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, во вестите на Канал 5 посочи дека Северна Македонија е земја која ги надмина конфликтите и прерасна во просперитетна, напредна држава и оди напред кон Европската Унија која почива на добрососедски односи, каде држави кои меѓу себе војувале, кои не можеле жртвите да ги пребројат меѓу себе, се обединиле и ги надминале разликите и заедно со Соединетите Американски Држави се место каде има економски просперитет, демократија и критично размислување и социјална правда.

„Тоа е начинот на кој треба да се градат добрососедските односи. Јас верувам дека со текот на времето сè поголем број граѓани и тука мислам на оние кои веруваат во европската идеја, кои што веруваат во просперитетна и напредна држава ќе се приклучат на овој процес на преговори со Европската Унија“, рече премиерот Ковачевски кој повтори дека нема враќање од патот кон ЕУ.

„Од тој процес нема назад. Единаесет години оваа држава беше држена во заложништво. Единаесет години некој креираше само споменици во центарот на Скопје. Единаесет години некој се обидуваше да не раскара со соседите. Единаесет години бевме скарани внатре. Единаесет години гледавме тензии кои што беа на етничка основа во државата. Тоа денес го немаме’’, истакна Ковачевски кој подвлече дека покрај добрососедските односи, имаме изградено еднакво општество за сите каде што нема никакви тензии.

Тој потенцираше дека и при гласањето за заклучоците на европскиот предлог од Европскиот совет за отпочнувањето на преговорите на државата со Европската Унија секој пратеник ја изрази слободно својата волја.

„Истото треба да биде и со уставните измени, бидејќи се работи за вклучување на дополнителни делови од други народи во преамбулата во нашиот Устав. Тоа ја зголемува хомогеноста, го зголемува капацитетот на државата. Сметам дека секој пратеник без разлика на неговата политичка, верска припадност има обврска спрема граѓаните да носи одлуки кои значат подобра иднина за оваа генерација и идните генерации на државата“, заклучи Ковачевски кој повтори дека што побрзото пристапување кон ЕУ, значи и побрз економски развој, поголема социјална правда и поголем развој на сите други сегменти на општеството по примерот на европските држави.

Истовремено тој изрази уверување дека пратениците препознавајќи ја европската идеја ќе гласаат за сите потребни измени кои треба да бидат направени, во однос на законите и уште уставни измени во однос на прилагодувањето на нашиот Устав при самото влегување во ЕУ, со пренесување на надлежностите, како што прават сите држави членки на ЕУ од националните институции на институции од ЕУ.

„Затоа сметам дека ова е процес кој е неповратен, кој оди напред, кој што државата ја носи напред и од кој процес нема назад. Нема ни лево ни десно“, истакна премиерот Ковачевски кој подвлече дека во времето пред нас и опозицијата и сите граѓани се убедија во исправноста на тоа што го зборуваше Владата и тој како премиер, дека имаме чист македонски јазик во преговарачката рамка, заштитен македонски идентитет по сите основи во ЕУ, дека историските прашања се дел од работата на Историската комисија, а не дел од скрининг процесот во ЕУ.

„Јас сметам дека ние во моментов треба да разговараме како треба да изгледаат преговарачките тимови, како поефикасно да функционира Собранието. Доста беа блокади, доста беше бојкотирање во Собранието“, рече Ковачевски во интервју за Канал 5.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk