ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Не е ниту време ниту место за референдум, да се посветиме на домашните задачи, порача Лукаревска

August 4, 2022 20:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја имаше првата меѓувладина конференција и сега е во процесот на скрининг и треба максимално да се посветиме да ги сработиме нашите домашни задачи, да направиме соодветни реформи, да видиме каде треба да се подобриме, а онаму каде што сме добри да бидеме уште подобри, изјави директорката на директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска, додавајќи дека сега не е ниту време, ниту место за референдум.

Не го знаеме прашањето за референдум. Јасно беа поставени црвените линии кои беа изгласани со 68 гласови во Собранието. Го имаме македонскиот јазик и идентитет, историјата е надвор од преговарачкиот процес. Кое прашање би требало да го поставиме? Дали сакаме да одиме во Европската Унија? Мора да одиме напред сите во овој процес, истакна Лукаревска во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5.

Во однос на уставните измени како услов за продолжување на преговорите по завршувањето на скрининг процесот, Лукаревска истакна дека целта е една и единствена, а тоа е европската агенда да се адаптира.

Таа изрази оптимизам дека уставните измени ќе поминат во Парламентот, бидејќи во него има прогресивни сили кои знаат што значи оваа шанса и сите потребни измени на законот и Уставот ќе бидат донесени од страна на соодветен број на пратеници.

Има пратеници во опозицијата кои треба да ја кренат раката за измените, бидејќи не смее да се попречи европската перспектива и ова е шанса која не смее да се пропушти, изјави Лукаревска, додавајќи дека нема време за блокади, ниту за уназадување, бидејќи во овој процес мора да одиме напред сите заедно.

Во однос на обвинувањата на опозицијата дека нивни симпатизери биле попречувани да присуствуваат на прославата на Илинден во Крушево, Лукаревска изјави дека забележала оти на членови на ВМРО-ДПМНЕ им бил забранет пристап до Мечкин Камен.

Видов луѓе кои дојдоа за да го чествуваат празникот, а не дојдоа поради кавги и инциденти, истакна потпретседателката на СДСМ,

Според неа, не смее да се дозволи политичарите да бидат непријатели едни на други.

Може да се сме политички противници, но не смееме да дозволуваме ние политичарите да бидеме непријатели, смета Лукаревска.

Таа оцени дека оваа година прославата на Илинден мина достоинствено и празникот покажал „стаменост и слободарски дух“.

Се покажа дека празникот е обединувачки момент за напредок на државата. Премиерот Ковачевски имаше одличен говор, ние се водиме на патот кон Европската Унија и не сакаме изолација и блокади, сакаме благосостојба на народот, порача Лукаревска, додавајќи дека на вакви манифестации ниту се добиваат, ниту се губат избори.

Во врска со евентуални предвремени парламентарни избори на што инсистира опозицијата, Лукаревска истакна дека партите од владината коалиција неколкупати го повториле ставот дека избори ќе има во редовниот термин во 2024 година.

Next Post

Нова спортска сала во Студеничани, инвестиција на МОН од речиси 24 милиони денари

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk