ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прилепската „Брза помош“ по повеќе од 40 години се сели во нови простории

August 4, 2022 15:58
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска прилепската служба за Итна медицинска помош е во нови простории кај Ургентниот центар во градската болница во Прилеп.

Службата повеќе од 40 години работеше во стари простории, некогашното гинеколошко оддление и условите беа на работ на основни за пружање медицинска помош.

Според Кети Смилеска, директорка на општата болница со проширена надлежност сега во новите простории и со нова опрема Службата многу поефикасно ќе води грижа за пациентите.

Од денеска Итната помош се пресели во новите простории. Имаме и нова опрема, а инвестициски уредивме и паркинг простор за пациентите. Блиску се и специјалистичките амбуланти и одделенијата што ќе значи голема голема грижа за пациентите, навремена интервенција по прегледот во итната помош, а персоналот ќе работи во соодветни услови, рече Смилеска.

Снежана Петровска, раководител на Службата за итна помош вели дека голем проблем е решен и се надева дека наскоро ќе се реши и проблемот со недостигот од лекари.

Сега сѐ е ново, чисто, опремено. Сите знаете во какви услови се работеше повеќе од 40 години. Ова е значајно и за персоналот, уште повеќе за пациентите кои ќе добиваат поголема грижа и медицинска помош. Се надевам дека наскоро ќе се реши и големиот проблем со недостигот од лекари. Имаме 10, ни доаѓаат со договор за платена практика, но сепак за комплетно да им излеземе во пресрет на граѓаните од Прилеп, Долнени, Кривогаштани, да се „покријат“ и теренските интервенции, ни се потребни барем уште пет лекари. Овој период има многу интервенции, преку 100 во едно деноноќие. Интервенциите се зголемени кај хроничните болни, а корона вирусот во многу ја отежнува ситуацијата, изјави Петровска.

Инаку, во моментов на Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани осум пациенти со корона вирусот со лесна клиничка слика.

Стариот објект каде беше сместена Службата за итна помош, во оваа енергетска криза за да заштеди, Болницата ќе го издава под наем. /МИА/

Next Post

Во Грција потврдени вкупно 39 случаи на мајмунски сипаници

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk