При спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, денеска во периодот од 7 до 11 часот, се санкционирани 79 возачи.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од нив, 20 бил казнети на територијата на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Охрид, а 11 на територијата на СВР Штип.
Од Министерството апелираат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел придонес за побезбедни патишта.