ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тренчевска за Ал Џезира: Работиме на зголемување на обемот и достапноста на социјалните услуги

August 4, 2022 14:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во интервјуто за Ал Џезира зборуваше за измените во Законот за работни односи и правата и услугите на лицата со попреченост, информираат од МТСП.

„Со измената на Законот за работни односи кој што во моментот е во собраниска процедура опфатени се и занаетчиите како целна група на која што ќе им се дозволи работа во недела“ рече Тренчевска.

Министерката на почетокот на своето интервју за Ал Џезира ја истакна  интензивната комуникација со Комората на занаетчии која има за цел излегување во пресрет на  нивните барања. Таа дополни дека измените на законот ќе се однесуваат на сите занаетчии, а не само на оние во туристичките места.

„Согласно програмата за работа на Влада за 2022 година предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15% за деца со попреченост до 26 години. Со измените направени во Законот за детска заштита е предвидено зголемувањето на посебниот додаток, кој што моментално е во собраниска процедура. Исто така  направивме и измени на Законот за социјална заштита каде што е предвидено намалување на возрасната граница за родителите со траен надоместок кој што имаат дете со попреченост и до 26 годишна возраст се грижеле за него, односно не го сместиле во институција, границата им се намалува од 62 на 60 годишна возраст за жени и од 64 на 62 за мажи“ изјави Министерката.

Таа истакна и дека со предвидените измени на Законот за социјална заштита направена е промена на критериумите за личната асистенција каде ќе бидат вклучени и потполно слепите лица како и лицата со комбинирани пречки.

„Покрај правата од социјална заштита кои што се пасивни мерки за лицата со попреченост, многу е важно да работиме на развивање на услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните и зголемување на нивниот обем“ додаде Тренчевска.

Таа рече дека порастот на минималната плата не треба да го врзуваме со правата за социјална заштита. Тренчевска ја потенцира и соработката со општините со цел подобрување на социјалните услуги на локално ниво. Исто така  истакна дека пасивните мерки се важни но, поважно е обезбедувањето на достапност и поголемиот обем на услуги затоа што тоа директно го менува квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Next Post

Борел: ЕУ инсистира што е можно поскоро да се формира ЗСО, но нема можност да го „натера“ Косово

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сè поблиску до Оскар по двојната номинација на Cinema Eye Honors

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk