пишува: ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА
Погледнав новости и видов само масло стопати препржено од истата пропагандна фритеза. За песна!
Како не им е незгодно веќе на многумината кои љубат да се наречат новинари, а всушност се во пропагандниот бизнис, да користат пак и пак, исти и исти, изветвени платформи (песна!), ама и стари – во смисла немодерни – пропагандни техники? До толку ли им пропаднала пропагандната индустрија?
Дополнително и се гледа дека е само едно пропагандно „производче”. Сиротко.
Пропагандчето требало да послужи како да се зајакне расположението против ЕУ во земјава, со помош на:
– техниката труење на бунарот („власта сака во ЕУ, ама власта е цензор”),
-заедно со техниката двосмисленост за концепт за кој нема кратка и јасна дефиниција („…фашизмот…“).
Еден светски центар на пропаганда, вториов пропаганден сегмент со месеци си го користи „ad nauseam“. Познато, видено.
Пропагандните бизнисмен(к)и што си ги бројат следбениците како хоби салфетки, пак, арогантно „предвидуваат” иднина на политичките резултати во земјава. Не, не можат да го прошират бизнисот таму, го немаат ни умот, ни образованието за тој пазар.
Тоа што го прават културно се вика „проекција на желби”, бидејќи сакаат да учествуваат во влијаењето на иднината што ја „предвидуваат”. Истото, веќе по не знам кој пат. Изветвено.
Слабо, во секој случај.