ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот новинар Ѓорѓи Ерман: Македонската донација на оружје е пријателски потег во ова сурово време за Украина

August 5, 2022 13:32
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Ѓорѓи Ерман - Политички новинар во „Би-би-си“ сервисот на украински јазик, од националниот универзитет Тарас Шевченко во Кијив

Ѓорѓи Ерман - Политички новинар во „Би-би-си“ сервисот на украински јазик, од националниот универзитет Тарас Шевченко во Кијив

Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот новинар Ѓорѓи Ерман, на прашања на „Слободен печат“ поврзани со македонската донација на оружје за украинската армија објаснува колку воената техника ќе има удел на боиштата.

Информацијта за македонската донација на оружје на Украина силно одекна во регионалните медиуми но и во светската јавност. Во краток разговор за „Слободен печат“, Ѓорѓи Ерман, новинар родум од Кијив дел од редакцијата на „Би-би-си“од сервисот на украински јазик, говори за донацијата на македонските тенкови Т-72 и авионите „Су-25“ на украинската армија, реакциите на тамошната јавност за потегот на македонското Министерство за одбрана но и околу тоа колку оружјето може да им помогне на Украинците и да ги смени состојбите на боиштата со Русите.

Украинците беа навистина пресреќни да читаат и гледаат вести за донирани тенкови од Северна Македонија минатиот петок. Деновиве се појавија и информациите за очекувана испорака на 4 авиони од типот „Су-25“ од С.Македонија за Украина. Сè уште треба да ги потврдиме таквите информации, но тоа може да предизвика само позитивни чувства кај Украинците. Во денешно време, украинскиот народ ја цени секоја воена помош од која било земја во светот и таквите држави можат да очекуваат пријателски чувства од страната на Украинците. На социјалните мрежи имаше илјадници позитивни коментари и реакции за ваквата испорака на тенкови од Македонија. Украинците пишуваа за братство со Македонците и им се заблагодарија. Сите поголеми медиуми и ТВ канали спомнаа за ова, некои од нив дури информираа и за долгогодишна соработка и пријателство меѓу Македонија и Украина. Според мое мислење, генерациите што доаѓаат ќе ја паметат оваа помош. Украинците ја ценат секоја помош од балканските народи и по оваа војна верувам дека многу повеќе Украинци како туристи ќе ги посетат балканските земји кои ни излегоа во пресрет во ситуацијата, вклучувајќи ја и Македонија.

„Сè уште не го знаеме точниот број на испорачани тенкови, но има проценки дека Северна Македонија конечно ќе и даде на Украина приближно 30 тенкови Т72А. Се разбира, 30 тенкови не можат да го одредат конечниот резултат од оваа војна, но тие се навистина корисни за украинската армија во толку сурово време како ова. Оваа година Украина може да се обиде да ги ослободи јужните градови (Херсон, Мелитопол, Бердјанск) од руските воени сили и таквото оружје ќе биде навистина корисно. Особено ако овие информации за испорака на авиони се потврдат како вистинити“, вели украинскиот новинар Ѓорѓи Ерман,

 

Next Post

Македонските кошаркари ги почнуваат евроквалификациите од дански Нествед

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

Николоски очекува во декември да се избере изведувач за автопатите Скопје-Блаце и Кичево- Букојчани

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk