ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Активен пожарот кај Фурка, изгаснати 12 пожари

August 8, 2022 09:45
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Пожарот е активен на кракот на западната страна кон Богданци и мал крак кон рибник „Елита“.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), утрово околу 5 часот на терен се излезени околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув и локалното население

Од ЦУК посочуваат дека се ангажирани Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила, доброволно противпожарно друштво Дојран со четири лица и едно возило, „Комуналец“ – Гевгелија со една цистерна и двајца вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со две возила и 10 вработени, Јавното претпријатие Национални шуми – Подружница „Кожув“ – Гевгелија со две возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 противпожарни возила и осум пожарникари, ТППЕ Валандово со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, Дирекција за заштита и спасување (ДЗС) -Валандово со едно возило и пет членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со две патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4-5 лица.

Во последните 24 часа се изгаснатаи 12 пожари во земјава.

Во Струмица, кај селата Ангелци и Вељуса гореше стрниште, кое е изгаснато со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Во Валандово, кај село Пирава гореше деградирана шума. Пожарот е изгаснат од ТППЕ Валандово со шест пожарникари и две возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово, со шест вработени и две возила.

Во радовишките села Ињево и Воиславци гореше стрниште, а пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и пет пожарникари.

Кај селата Житоше и Борино имаше шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума, кој е изгаснат со еднопротивпожарно возило со четири пожарникари, тројца вработени во ЈП Национални Шуми, подружница Липа – Крушево и четири лица од месното население.

Изгаснат е пожарот на депонијата во Крушево со едно противпожарно возило и двајца пожарникари.

РЦУК – Штип информира дека пожарот на стрниште кај месноста викана Лезовски Кантон е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Изгаснат е и пожарот во општина Јегуновце, во кој беше зафатена покривната конструкција и еден кат од куќа во село Орашје. Пожарот е изгаснат со три противпожарни возила и 12 пожарникари.

Во Тетово гореше сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно-поправниот дом Тетово. Пожарот е изгаснат со две противпожарни возила и четири пожарникари.

Со едно противпожарно возило и тројца пожарникари изгаснат е пожарот на стрништето во село Романовце, Кумановско.

Во општина Кичево, село Ложани гореше стрниште. Пожарот е изгаснат со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Пожарот кој почна вчера во село Гајре, општина Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на ТППЕ Тетово со две противпожарни возила и шест пожарникари.

Изгаснат е пожарот кај стариот пат од Тетово кон Желино, каде гореше сува трева и ѓубре. Во гаснењето се вклучија ТППЕ Тетово со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Во село Челопек, Општина Брвеница од мали деца, од невнимание, било запалено балирано сено. Се интервенирало со две противпожарни возила и пет пожарникари./МИА/

Next Post

(ВИДЕО) Левандовски со гол и две асистенции на Камп Ноу

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk