Вучиќ никаде не кажал дека „Македонија не е моќна како во времето на Груевски“, како што тоа се тврди во насловот на текстот што е споделен во овој пост. Самиот напис се однесува на изјавата на Вучиќ дадена во насока на меѓусебна помош во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Во содржинскиот дел на текстот изјавата на Вучиќ е пренесена онака како што била дадена, а во неа воопшто не се спомнува Груевски. Истата изјава беше пренесена и во други медиуми и може да се види дека тој не кажува ниту збор за Груевски, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Пост на Фејсбук, цитирајќи го српскиот претседател Александар Вучиќ, тврди дека тој констатирал дека Македонија „не е моќна како во времето на Груевски“. Ова не е точно.
Постот, всушност, пренесува напис со наслов:
Вучиќ: Македонија Не Е Моќна Како Во Време На Груевски Ама Ние Че Им Помогнеме На Браќата Да Не Останат Гладни Зимава.
Самиот напис се однесува на изјавата на Вучиќ дадена во насока на меѓусебна помош во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Во содржинскиот дел на текстот изјавата на Вучиќ е пренесена онака како што била дадена, а во неа никаде не се спомнува Груевски.
Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнене на Македонија со струја и со храна. Постојат различни денови, некој повеќе се ослонува на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас, кажа Вучиќ.
Доколку се погледне изјавата на Вучиќ пренесена и во другите медиуми, ќе се види дека тој воопшто не го спомнал Груевски.
Вучиќ никаде не рекол дека „Македонија не е моќна како во времето на Груевски“, како што тоа се тврди во насловот на текстот, односно во самиот пост. Очигледно е дека ова е измислица, која пак, создава забуна кај јавноста.
Во овој случај имаме класичен пример за клик бејт наслов чијашто цел е да привлече што е можно повеќе кликови преку измислени изјави и фрази. Поради тоа постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.