ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Камуфлираните телекомуникациски кули не се ништо ново, постојат уште пред појавата на 5Г технологијата

August 9, 2022 20:30
in TECH FRONT, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: commons.m.wikimedia.org

Фото: commons.m.wikimedia.org

Share on FacebookShare on Twitter

Камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот што го анализираме, а уште помалку е измислица која се појавила со 5Г технологијата. Камуфлирањето на овие антени се прави пред сè поради естетски изглед и за подобра радио фрекфентност, за да не се трпат штети од временските прилики кои би можеле да предизвикаат прекини во емитувањето на радио брановите, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук тврди дека во САД никнуваат 5Г кули во форма на кактуси, притоа наметнувајќи го прашањето „од што се плашат властите?“. Постот споделува напис  кој, без никакви докази и факти,  тврди дека 5Г технологијата е штетна и дава одговор на наметнатото прашање:

Без да навлегуваме во детали околу штетноста или нештетноста на 5Г, се поставува прашањето зошто властите, или оние што ги поставуваат овие 5Г кули, би имале било каква потреба истите да ги камуфлираат, особено надвор од градските средини во еден ваков речиси непристапен пустински терен? Страв од палење на својата опрема, можеби? Или, можеби во прашање е нешто друго?!? Веројатно сега ќе мораме да внимаваме на секое дрво покрај патот…

Она што утврди нашата проверка е дека никнувањето на вакви кактуси не е ништо ново ниту во САД, ниту во светот и е далеку од прикривање на нешто поради страв од палење на опремата бидејќи истата била штетна.

Имено, давателите на телекомуникациски услуги на глобално ниво смислуваат сè покреативни и невообичаени начини за камуфлирање на антените или мобилните мобилни кули. За разлика од обичните кули, кои може да се загреат поради слабиот сигнал, камуфлираната кула нема таков проблем. Освен тоа, може да го реши проблемот со падот на повиците.

Во Индија, на пример, во 2016 година, Reliance Jio Infocomm исто така инсталира вакви кули во земјата, обајвува порталот „Телеком економик тајмс“.

Неодамна ја инсталираше првата камуфлирана мобилна кула 4G во земјата во Џамшедпур. 35-метарската кула, прва од ваков вид во земјата во форма на палма, беше поставена во близина на Центарот за извонредност во државата.

На сајтот можат да се погледнат фотографии и од други камуфлирани телекомуникациски кули.

Како што посочува Дејв Ворхис, софтверски претприемач, инженер и едукатор камуфлажата на телекомуникациските антени не е случај само со 5Г кулите. Тоа е пракса уште од 1980-те години. Кулите за мобилни телефони и други антени се маскирани како дрвја, јарболи од знамиња, мртви стебла, кактуси, палми, лажни облоги од тули.

Тоа е обид да се направат поубави за гледање, особено на локации со природна убавина, туристички места и евентуално области каде што прописите забрануваат грозни зданија. Антените и радио примопредавателите што се користат во мобилните/клеточните системи имаат ограничен опсег, така што антените мора да бидат поставени на значителна височина и во редовни интервали. Во спротивно, ќе има празнини во услугата. Тоа значи дека кулите понекогаш треба да се постават таму каде што стандардната кула би изгледала грозно. Тие се маскирани за да ги направат помалку грди, посочува Ворхис.

Според него, 5Г работи на повисоки фреквенции од 4Г што овозможува 5Г да постигне многу поголема брзина на поврзување, но по цена на намален опсег, што, пак, значи дека се потребни повеќе антени.

Тоа ја зголемува веројатноста дека кулите треба да се подигнат на локации каде што нескриените кули би биле неприфатливо грди, заклучува Ворхис.

Како што пишува „Вокс“, има историја на несмасните обиди да се сокрие инфраструктурата што оди многу поназад од кулите за мобилни телефони. Во 1950-тите и 60-тите, на пример, канадските телекомуникациски претпријатија изградија стотици целосно лажни куќи низ Торонто за да ги сокријат трафостаниците.

Во 1980-тите, набргу откако компаниите за мобилни телефони почнаа да градат антени во Соединетите држави, тие исто така се обидоа да ги сокријат, честопати како одговор на естетските поплаки од локалните жители.

Првично, повеќето скриени антени едноставно беа скриени на црковните спратови или водни кули, но во 1992 година, компанијата наречена Ларсон Камуфлаж – која претходно правеше лажни живеалишта за Дизни Ворлд и музеите – изгради „борова“ кула во Денвер. Светот се промени засекогаш. Набргу потоа, компаниите во Јужна Каролина и Јужна Африка почнаа да градат слични „дрвја“, пишува Вокс.

Што се однесува до тоа дали 5Г технологијата е штетна, како што се тврди во написот што го анализираме, „Вистиномер“ досега има пишувано за дезинформациите поврзани со оваа теорија на заговор, која особено се засили со појавата на пандемијата на ковид-19 и вакцините против коронавирусот.

Од сето ова, можеме да заклучиме дека камуфлирањето на телекомуникациските антени не е ништо ново и бомбастично како што тоа се претставува во постот што го анализираме, а уште помалку е измислица која се појавила со 5Г технологијата. Камуфлирањето на овие антени се прави пред сè поради естетски изглед и за подобра радио фрекфентност, за да не се трпат штети од временските прилики кои би можеле да предизвикаат прекини во емитувањето на радио брановите. Точно е дека вакви кактус кули има во САД, но во постот не е објаснето зошто тие се градат, туку неосновано се наметнува дека 5Г технологијата е штетна и со тоа се прикрива нешто. Поради тоа нашата оценка е дека на постот му недостига контекст.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

July 18, 2025

Калас: Русија да прифати одговорност за соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година

July 18, 2025

Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk