Владата предводена од СДСМ продолжува да вложува во грижата за лицата со попреченост. Објавен е јавен оглас за ангажирање на 200 образовни асистенти во 16 општини во државата, со што го зголемуваме бројот на асистенти во основното образование, пишува во соопштение на СДСМ.
Од СДСМ велат дека на овој начин, од учебната 2022/2023 година, ќе се зголеми опфатот на ученици со попреченост кои ќе добијат образовен асистент, а ќе се ангажираат и дополнителни 200 лица во образовниот систем
Го подигнуваме степенот на инклузивност во воспитно – образовниот систем. Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и не е на трошок за семејствата на учениците, пишува во патиското соопштение.
Унапредување на инклузијата, еднакви можности на децата и лицата со попреченост, како што велат од СДСМ се врвни приоритети на Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.