ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

АЕК: Малолетниците дневно приклучени на интернет и повеќе од пет часа

August 10, 2022 08:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и девет проценти од испитаниците опфатени во анкета на Агенцијата за електронски комуникации рекле дека малолетните лица во нивното домаќинство во просек поминуваат и повеќе од пет часа приклучени на интернет.

-Приближно половина од испитаниците или 46,3 проценти знаат дека постои програма за родителска контрола која на лицата помлади од 18 години ќе им овозможи безбеден интернет. Од нив само 10,2 проценти имаат веќе инсталирано таков софтвер, додека од оние испитаници кои немаат инсталирано таков софтвер, а знаат дека истиот постои, околу 61 процент би инсталирале. Околу 10 проценти од испитаниците кои имаат позитивен став кон инсталирање на софтвер за родителска контрола, знаат каде може да го најдат, стои во клучните наоди од Извештајот од испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисници на електронски услуги.

Во последните четири години, се наведува во наодите, се забележува тренд на раст во бројот на домаќинства каде интернет пристапот го користат и малолетни лица. Во 2022 година, дури 43,2 проценти од испитаниците одговориле дека малолетни лица користат интернет во нивното домаќинство, а кај дури 85,6 проценти од нив малолетните лица користат интернет секој ден.

Според испитувањето, бројот на корисници на услугата интернет во домаќинството  се зголемил од 79 проценти на 89 проценти во последните пет години. Од испитаниците кои имаат интернет пристап во своето домаќинство, само 29,5 проценти ја знаат брзината на интернет конекцијата што треба  да ја обезбеди операторот, а од нив 76,8 проценти сметаат дека ја добиваат предвидената брзина и количество податоци од интернет провајдерот.

Како што стои во наодите, во последните четири години има раст на бројот на испитаници кои се соочиле со некаков проблем при користење интернет во домаќинството, односно во 2022 година само 29 проценти од испитаниците немале проблем со својата интернет конекција во домаќинството. Како најчести проблеми со интернетот се наведени непостојана брзина на конекцијата (34,2 проценти), прекини/недостапност на услугата (30,6 проценти) и проблеми со техничката опрема.

Поради прекини или недостапност на услугата во последните 12 месеци, 38,4 проценти од домаќинствата го контактирале интернет провајдерот и за 55,7 проценти од нив проблемот поради кој пријавиле бил отстранет истиот ден.

-Околу 27 проценти од домаќинствата со интернет пристап имаат приговарано телефонски до својот провајдер, а 30,7 проценти од испитаниците се изјасниле дека се потполно задоволни со одговорот кој го добиле од интернет провајдерот. Само 1,6 проценти од домаќинствата со пристап до интернет упатиле писмен приговор до интернет провајдерот, се наведува во дел од клучните наоди од испитувањето.

Анкетата е спроведена од 13 април до 15 март годинава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници на возраст од 18 и повеќе години,  кај корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

Примерокот е репрезентативен според белезите пол, возраст, етничка припадност и место на живеење, во однос на официјалните статистички податоци во моментот на спроведување на истражувањето, достапни во Државниот завод за статистика – Податоците од пописот 2021. /MИА/.

Next Post

Бензема: Кога Роналдо го напушти Реал, ја променив играта и моите амбиции

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk