ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Радев, надвор!“ – Протест во Софија поради можното обновување на испораките од руски Гаспром

August 11, 2022 09:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера се одржа нов протест пред бугарското претседателство против обновувањето на испораките на природен гас од Гаспром, кои еднострано беа прекинати од рускиот монопол поради одбивањето на Бугарија да го исполни барањето за плаќање во руски рубљи, јави дописникот на МИА од Софија.

Организаторите на протестот, кој е насловен #ГАЗwithme, најавија дека очекуваат одговори од претседателот Румен Радев за испораката на гас и за укинување на монополот на руските енергетски компании „Гаспром“ и „Лукоил“ во Бугарија.

Демонстрантите соопштија дека испратиле седум прашања до официјалната влада на Бугарија и до политичарите за актуелните проблеми за земјата, а одговори добиле само од двете партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“.

Бугарскиот претседател Радев беше исвиркан и започна протест за поддршка на Украина со основни барања да не се обновуваат врските на Бугарија со „Гаспром“ и да се организираат фер предвремени парламентарни избори.

„Бугарската демократија мора да се брани секој ден, но претседателот Радев се обидува да ја покори“, им порача на демонстрантите блогерот и политички коментатор Асен Генов. Според него, претседателот владее со Бугарија од ТВ, по примерот на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун и Русинот Владимир Путин.

Демонстрантите извикуваа „Радев, надвор!“.

Претседателот, според познатиот блогер, се јавувал на вршителот на должноста премиер на Бугарија и неговите министри и им наредувал што и како да прават. Лидерот на граѓанското движење БОЕЦ Георги Георгиев, кој учествуваше на денешниот протест, рече дека започнува петиција за соборување на Румен Радев од функцијата претседател на Бугарија.

Next Post

Инфлацијата 10,9 отсто, најмногу поради зголемените цени на храната и енергијата

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

Два антикоагуланси на рецепт од аптека од крајот на ноември

October 31, 2025
Фото: Кабинет на Претседател

Сиљановска-Давкова на одбележувањето 25 години од Резолуцијата 1325 на ОН: Лани само седум отсто од преговарачите во мировните процеси биле жени

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk