ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бизарни претставки до Агенцијата за храна и ветеринарство

August 14, 2022 10:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сосед ги храни уличните кучиња и мачки кои се собираат во голем број, а потоа лаат и мјаукаат, гаврани напаѓаат луѓе, квалитетот на лебот не е ист – еден ден е попечен, а друг помалку печен. Ова се само некои од претставките што изминатиот период стигнале до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

МИА уште минатата година објави дека бизарни и несоодветни претставки, прашања и жалби стигнуваат до АХВ, што, според директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, се должи, пред сé, на недоволната информираност на граѓаните за ингеренциите на институциите во државата.

-Соседот ги напасува козите на депонија, е една од „поинтересените“ претставки или пријавата дека неколку дена поради лоша миризба на жители од една населба им смета оџакот на ресторанот и бурекџилницата, вели Бабовски за МИА.

Многу од овие проблеми што ги пријавуваат граѓаните, нагласува директорот, се всушност комунални и за нив се надлежни други институции или општините.

Лани, пензионерка од Скопје пријавила во АХВ дека преку интернет купила машина за везење од странска компанија, ја платила со картичка 50 долари, но наместо тоа, во поштенско сандаче добила коверт со две платнени маски. Некој граѓанин, пак, се пожалил дека му мириса во влез на печено месо и пржени компири, а друг дека јастребот на соседот му ги усмртува гулабите.

-Имаше и претставки од типот „дојдете да го отстраните осилото од дрво во Градски парк зашто се плашиме и не можеме да се релаксираме“ или „бездомните кучиња гласно лаат, не вознемируваат, не можеме да спиеме“, „дали и колку е здрав лебот „Тонус“, како влијае на цревната флора“, „дали јачменот предизвикува алергија“, „лебот што го купив е ‘жив’, не е допечен“…, вели Бабовски.

До АХВ во првите шест месеци од годинава се поднесени вкупно 246 претставки. Постапено е по 234 од нив, а во фаза на постапување се вкупно 12.

-Најголем број од поднесените претставки се од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животни, 158. Од нив, 70 се однесуваат на наводи за неодговорно сопствеништво, додека 34 се за напад и каснување од куче, информира директорот Бабовски.

Next Post

Русија гранатира пристаништа и градови во Украина, има загинати и повредени лица

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk