ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КРИМИНАЛ

Контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Битола – приведени 10 лица, пронајдени дрога и оружје

August 14, 2022 12:58
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Полициските службеници од СВР Битола, заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции синоќа извршија акциска контрола во угостителски објект на улицата „Македонска Фаланга” во Битола, при што констатирале повеќе прекршоци.

Како што соопштија од МВР, при контролата констатирани се прекршоци од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, Законот за лична карта, Законот за оружје и Кривичниот законик, а во врска со неовластено производство и пуштање на дрога и психотропни супстанци.

Од страна на полициски службеници биле лишени од слобода Љ.Н.(36) од САД со привремен престој во Прилеп, И.Т.(22) од Скопје и Г.С.(24) од Прилеп, бидејќи кај нив е  пронајдена и одземена прашкаста материја. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од слобода се лишени и И.Ј.(38) и Х.К.(24) од Битола, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и П.Ѓ.(24) од Битола, кој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против тројцата ќе следува соодветна пријава.  

Како што информираат од МВР, согласно планот „Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за униформирана полиција, СВР Битола-ОВР Прилеп во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат вчеравечер извршија акциска контрола и на подрачјето на Прилеп, со која беа опфатени повеќе угостителски објекти.

При контролите од слобода се лишени М.Г.(18) и И.М.Т.(28), бидејќи при преглед кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.М.Т. прашкаста материја. Во угостителскиот објект на ул„Орде Тутески“ во Прилеп синоќа биле затекнати и приведени двајца малолетници, кои биле предадени на родителите против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во угостителските објекти констатирани се и низа неправилности од страна на инспекторатите – неиздавање фискални сметки, непријавени работници, немање дозвола за работа на тераси во објектите и друго, за што ќе бидат изречени глоби.

Исто така, како што се наведува во соопштението на МВР, во текот на изминатата вечер беше спроведена и акциска контрола на територијата на Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, шест за возење без возачка дозвола, еден за измината важност на возачката дозвола и еден за возење без дозвола. При контролата констатирани се и четири останати прекршоци, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk