Градоначалникот Тимчо Муцунски и Општина Аеродром, со поставување на ограда од метална мрежа ќе спречувале ширење на бучавата од спортското игралиште Мичурин во Аеродром.
„По примените поплаки и по барање на граѓаните од околните згради, на спортското игралиште во Мичурин беа поставени мрежи за намалување на бучавата која се создава, а истовремено да не се спречат граѓаните кои сакаат да спортуваат“, пишува во објавата на официјалната Фејсбук страница на Општина Аеродром.
Како што може да се види од фотографиите објавени во постот, се работи за ограда од метална мрежа, или како што тврдат од Општина Аеродром, „мрежи за намалување на бучавата“.