Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа и под овие услови се промени Уставот, тогаш јас ќе си заминам и ќе ја напуштам политиката, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Иако од власта ќе продолжат со притисоците и со изјавите дека имало пратеници од раководството. Нема такви. Тука сакам да ја затворам таа тема – по цена на мојата професионална и политичка кариера, такви луѓе нема, јас гарантирам. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот“, истакна Мицкоски.
Од утре продолжуваат консултациите за референдумот со коалициските партнери, да видиме кој е нивниот став. Многу скоро ќе излеземе со конкретна позиција, речеМицкоски.
„Внатрепартиската дебата ќе продолжи утре, во вторник, среда, така што многу скоро од денеска ќе имаме позиција. Нема што повеќе да додадам освен да го завршиме процесот и да излеземе со конечен став пред граѓаните – дали ќе одиме со 150 000 потписи или со пратениците, имајќи предвид дека континуирано се сее притисок од власта дека некој се двоумел, а не сакаме да ги изложуваме толку граѓаните пред оваа хибридна и режимска власт па може ќе се одлучиме да одиме со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да го поднесеат рефернедумот“, изјави Мицкоски во Љубанци по пуштањето во употреба на ново спортско игралиште.