ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Распишан јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Пробиштип

August 15, 2022 13:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски го објави огласот за распределба на 48 станови со социјалната зграда во Пробиштип. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓоргијев и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов денеска извршија обиколка на зградата.

Јавниот повик, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, трае 30 дена и е наменет за шест ранливи категории на граѓани: деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите, како и самохрани родители со малолетни деца.

-Се работи за социјална зграда со 48 станбени единици што значи дека 48 ранливи семејства од Пробиштип ќе бидат згрижени. Денешната средба со градоначалникот Анастасов, со директорот Ѓоргијев и со претставници од Центарот за социјални работи и е токму во насока заеднички да се координираме за постапките за побрзо и поефикасно да го завршиме процесот на распределба. Покрај оваа социјална зграда, би сакал да напоменам дека комплетно завршени се и зградите во Виница и во Свети Николе и тие ќе се распределат во следниот период, изјави министерот Бочварски.

Тој потенцираше дека во завршна фаза се уште 130 социјални станови во Демир Капија, Неготино и Гевгелија и уште 470 станови кои се во изградба и тоа во Бутел, Велес, Кочани, Пехчево и Сарај.

-Финансиската конструкција на овој проект веќе завршува, завршуваме со изградба на зградите кои што ги спомна министерот и сме во интензивни преговори со Банката за обезбедување на нов заем со што ќе го продолжиме овој проект за да можеме да градиме вакви социјални згради и во другите општини низ државата, изјави директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката Ѓоргијев.

-Драго ми е што денеска со министерот и директорот го објавуваме огласот за распределба на оваа социјална зграда, во која ќе згрижиме 48 семејства. Особено е значајно ова за нас бидејќи го решаваме станбеното прашање на наши сограѓани од ранливите категории, изјави градоначалникот на Пробиштип Анастасов.

Министерот Бочварски најави уште еден инфраструктурен проект кој ќе започне со реализација во септември, а тоа е изградба на атмосферска канализација на улицата „Македонски револуционери“ со вредност од 4,4 милиони денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Петровска: Одлуките за донација за Украина се класифицирани од безбедносни причини

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk