ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Ковачевски во Маврово и Ростуше со поддршка на Медат Куртовски: По успешните проекти во претходниот мандат, следат уште нови проекти вредни десетици милиони евра

August 16, 2022 20:05
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ковачевски на средба со жителите на Требиште

Ковачевски на средба со жителите на Требиште

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, попладнево се сретна со жителите на Требиште, Велебрдо, Ростуше и Јанче. Неговата посета на општина Маврово и Ростуше е дел од предизборните активности на партијата во пресрет на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Совет на Општина Тетово кои ќе се одржат на 20 август. Ковачевски ја започна својата посета на општината од манастирот Св. Јован Бигорски, каде што се сретна со епископот Партениј, како што соопшти СДСМ.

Ковачевски во Маврово и Ростуше

1 of 14
- +

Претседателот Ковачевски истакна дека граѓаните на Маврово и Ростуше се сплотени во поддршката за кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски и СДСМ затоа што знаат дека токму тие се гарант дека развојот на општината ќе продолжи со несмален интензитет.

„Кандидатот на СДСМ, Куртовски во својата досегашна работа се истакна со реализација на над 60 проекти за што се инвестирани блиску 32 милиони евра. Со Куртовски, Маврово и Ростуше добива нов лик, и токму затоа граѓаните се обединети, со силна поддршка за СДСМ и кандидатот за градоначалник Куртовски“ – порача Ковачевски.

Пред насобраните жители на Требиште, претседателот на СДСМ потсети дека во мандатот на кандидатот за градоначалник од СДСМ, Медат Куртовски во Требиште е извршена реконструкција на водоводната мрежа во вредност од над 1,6 милиони денари, со што се подобри квалитетот на водата, но и се намали губитокот на вода. Денес, рече Ковачевски, жителите на Требиште пијат здрава и безбедна вода. Изградени се нови каптажи на водоводот со што е подобрено снабдувањето со вода во ова населено место.

„Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, Требиште ќе добие уреден паркинг простор, ќе се уреди спортскиот терен, реконструкција на патот до маалото Паречковци и ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Затоа на 20 август, во сабота масовно да гласаме за број Еден, за Медат Куртовски и СДСМ“ – повика претседателот на СДСМ, Ковачевски.

Ковачевски се сретна и со жителите на Велебрдо. На таа средба, тој посочи дека Велебрдо ја направило разликата и дека е уверен дека гласот на жителите на ова населено место на 20 август е за Медат Куртовски и СДСМ.

„Колку Медат Куртовски и СДСМ се грижат за ова населено место говорат досега реализираните проекти, меѓу кои и реконструкција и проширување на локалниот пат за село Велебрдо од месноста Стапаров мост до подрачното училиште во селото со што се олесни движењето на возилата. Истовремено, во склоп на реконструкцијата на патот извршена е и изградба на атмосферска канализација на дел од населеното место Велебрдо во вредност од скоро еден милион денари, со што се реши проблемот со атмосферските и отпадните води во централната улица од селото“ – рече Ковачевски, најавувајќи дека следат и нови проекти за Велебрдо.

Во наредниот период, по изборот на Медат Куртовски за градоначалник, според Ковачевски, ќе следи и промена на главна водоводна линија, уредување на дел од локален пат во близина на Стапаров мост, ќе се изгради детски забавен парк, а ќе се реконструира и училишната зграда. Во сите проекти и мерки Куртовски може и треба да смета на поддршката од централна власт.

„Немам дилема дека Велебрдо во сабота гласа за број 1, гласа за Медат Куртовски“ – повика првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Next Post

Рускиот рок пејач Шевчук казнет поради осуда на руската инвазија врз Украина

НАЈНОВО

Фото: Собрание

Средба на Гаши со претставници на ДИК: Повторувањето на изборната постапка во четирите општини ќе биде поизвесно по одлучувањето на ДИК по поднесените приговори

November 6, 2025
Стевчо Јакимовски

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте – Силувавте! Карпош го украдовте!

November 6, 2025
Фото: МИА

Милевски: Нашите фудбалери се феномени

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk