ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маричиќ: На почеток од идната година нова инвестициска офанзива со европски пари, се подобро ги искористуваме ЕУ фондовите

August 17, 2022 11:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се подобро ги искористуваме фондовите на Европската Унија, но има простор за подобрување и ќе продолжиме. На почеток од 2023 година следува нова инвестициска офанзива со европски пари, информира вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција во Владата.

Маричиќ појасни дека на тековниот повик за инвестициски грантови, Северна Македонија учествува со три нови проекти во вкупен износ од околу 53 милиони евра и тоа два проекта од областа на енергетиката – реновирање на шест хидроцентрали и изградба на ветернички парк во Богданци и еден од областа на заштитата на животната средина – изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југозападен и Југоисточен регион.

Работиме на спроведување на инвестициска агенда на земјата и аплицираме за големи стратешки проекти кои се влог за иднината на нашите деца. Преку инвестициската рамка за Западен Балкан која Северна Македонија веќе ја користи се финансираа стратешките приоритети од економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан промовиран во октомври 2020 година. Тогаш еврокомесарот Вархеји најави 9 милијарди евра за периодот од 2021-2027 година, инвестиции кои треба да привлечат дополнителни 20 милијарди евра заеми од меѓународните финансиски институции, информира Маричиќ.

Северна Македонија, како што посочи, учествуваше во сите 28 повици за техничка помош кои се досега објавени и на сите седум за инвестициски грантови, по одобрени 43 грантови во вредност од 2,6 милијарди евра за вкупна вредност на инвестиција од 421,4 милиони евра надополнети со заеми од околу 600 милиони евра.

Доаѓаме до скоро 230 евра по глава на жител што ја става Северна Македонија на второ место по искористеност на европски средства на инвестицискиот фонд за Западен Балкан веднаш после Црна Гора. На крајот на јули оваа година, ЕУ ги одобри првите проекти за спроведување на економскиот инвестициски план за Западен Балкан. Ние аплициравме со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив во износ од 225,6 милиони евра, рече Маричиќ.

Одобрените прокети на последниот повик, како што појасни, се следни: за проектот изградба на железница меѓу Северна Македонија и Бугарија во рамки на Коридор 8 секција Крива Паланка – граница со Бугарија доделен е грант во износ од 149, 2 милиони евра, за проект за набавка на опрема за Осломеј 1 Фотоволтаична станица 1,6 милиони евра, за проект за набавка на опрема за фотоволтаичните централи Осломеј 2 и Битола грант во износ од 5 милиони евра, како и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје грант од 69,8 милиони евра.

Вицепремиерот додаде дека во рамки на шестиот повик за инфраструктирни грантови одобрени се грантови од 1,1 мјилијарди евра за сите шест земји од регионот, а проектите од Северна Македонија учествуваат со 20,5 проценти од овој одобрен износ.

Дополнително, како што најави Маричиќ, во соработка со Германската развојна банка КФВ ќе се работи на енергетска ефикасност на сите студентски домови во државна сопственост.

Во однос на ИПА 3 кој е нов концепт на ЕУ во однос на претпристапната поддршка на земјите од Западен Балкан, во јули оваа година СЕП го доставил првиот нацрт ревидиран стратешки одговор до ЕК прилагодувајќи со последните новости од ИПА 3 прозорците.

Next Post
Фото: Фронтлајн.мк

Спасовски: Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат

Shortcut

Најново

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk