ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Столтенберг: НАТО е подготвен да интервенира на Косово ако е потребно

August 17, 2022 16:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, попладнево се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во седиштето на Алијансата, тие разговарале за последните инциденти на северот на Косово, јави дописничката на МИА од Брисел.

По Вучиќ, Столтенберг веднаш попладнево се сретнува и со косовскиот премиер, Албин Курти, на истата тема.

На крајот на јули ситуацијата на северот на Косово се вжешти по одлуката на косовската влада да им бара на Србите од Косово влез со привремени документи, наместо српски лични документи, и побара да бидат сменети регистарските таблички на возилата од српски на косовски во рок од два месеца.

Ситуацијата набрзо се смири, но никој во регионот, но и во НАТО и ЕУ не исклучува повторна ескалација.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, порача попладнево за време на прес-конференција со Александар Вучиќ дека КФОР, мисијата на НАТО на Косово, е подготвен да реагира брзо и пропорционално во случај на ескалација.

Ситуација на терен е подобрена, рече шефот на НАТО, повикувајќи ги лидерите на двете земји да избегнуваат насилството и ескалација.

НАТО, рече тој, ќе продолжи од блиску да ја набљудува ситуацијата.

Доколку стабилноста биде загрозена, подготвени сме да интервенираме и да ја обезбедниме стабилноста и безбедноста и слободното движење на сите лица на северно Косово, изјави Столтенберг.

За првиот човек на Северноатлантската алијанса, единствениот пат напред е дијалогот помеѓу Белград и Приштина во рамките на ЕУ. Утре во Брисел се одржува нова рунда разговори овој пат меѓу двајцата лидери – Вучиќ и Курти.

НАТО е подготвен да интервенира во пократок рок, имаме таму сили, ќе бидат распоредени таму каде што е потребно, го зголемивме присуството на северот, детаљно сум известен за можностите на распределување, одговорот ќе биде пропорционален, рече Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за деталите за можна интервенција.

КФОР располага со речиси четири илјади војници на Косово и НАТО е уверен дека тоа помага за решавање на состојбата.

Претседателот на Србија од своја страна изрази благодарност до Јенс Столтенберг што ја сослуша српската страна. Вучиќ најостро ги отфрли обвинувањата кои доаѓаат од Приштина дека српската војска и полиција нелегално ја преминале границата, или административната линија како што ја нарекува официјално Белград. Шефот на српската држава рече дека тоа се лаги и му се заблагодари на НАТО што не се служи со слични обвинувања кон Србија.

Како аргумент дека косовската страна “шири невистини“, Вучиќ изјави дека “со месеци“ се слушаат предупредувања дека Србија “ќе изврши инвазија во соседните земји“.

Слушаме за можноста Србија да изврши инвазија на некои други земји во регионот, но ете гледаме дека тоа до сега не се случило, навистина лажеа, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека е уверен дека благодарение на добрата комуникација на Србија со КФОР и НАТО на терен е избегната сериозна ескалација на крајот на јуни, тој повтори дека ја почитува мисијата на НАТО согласно резолуциите на Обединетите Нации и дека е во постојан контакт со мисијата.

Конечно српскиот претседател ги отфрли шпекулациите дека ќе се даде дозвола за руска воена база на српска територија.

На Србија не и се потребни ничии воени бази, таа е неутрална и сака само да ги обезбеди своето небо, земја, територија и население, истакна Вучиќ. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk