ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Билјана Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од централните банки ќе го ублажи ценовниот раст

August 18, 2022 18:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова.

Динамиката на инфлацијата во голема мерка ќе биде условена од патеката на движење на цените на примарните производи. Меѓународните институции за следниот период очекуваат стабилизирање, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Ова се потврдува и со тековниот пресврт во очекувањата, кои за првпат по подолг период упатуваат на понизок раст на цените на дел од примарните производи, а пред сѐ на храната. Затегнувањето на глобалните финансиски услови, при зголемување на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот, исто така, ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на инфлациските очекувања. Со оглед на тоа, иако инфлацијата оваа година ќе биде повисока во глобални рамки, се очекува во следниот период таа постепено да се нормализира и да се сведе во умерени рамки на среден рок. Ова секако и натаму е проследено со одредена неизвесност, имајќи предвид дека светските цени на примарните производи значително осцилираат под влијание на војната во Украина и санкциите кон Русија и нивното движење во последниот период е променливо и потешко предвидливо, истакнува во интервјуто за „Пари.мк“ Давидовска-Стојанова.

Моменталната инфлација, како кај нас, така и во глобални рамки, како што посочува таа, во најголема мера се должи на фактори на страната на понудата, а тоа е силниот притисок од цените на храната и енергијата, кој, пак, доаѓа од намалената понуда поради војната во Украина и економските санкции кон Русија. Сепак, со оглед на тоа што овие притисоци траат подолго, растот на цените станува сѐ пораспространет и се пренесува врз цените на останатите производи и услуги, дополнително подгревајќи ги инфлациските очекувања, коишто исто така може да придонесат за раст на цените.

Поради тоа, најголем дел од централните банки, вклучувајќи ја и Народната банка, започнаа со постепено затегнување на монетарната политика, преку постепено повлекување на вбризганата ликвидност и со постепено зголемување на основните каматни стапки. Со затегнувањето на монетарната политика се испраќа сигнал преку каналот на очекувањата, држејќи ги инфлациските очекувања на ниско ниво. Кај нас промените во ликвидноста и каматните стапки беа проследени и со други дополнителни мерки. Ова се однесува пред сѐ на задолжителната резерва, при што промените се во насока на понатамошно стимулирање на склоноста за располагање со домашна валута. Така, со овие мерки се делува и во насока на зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, вели Давидовска-Стојанова. 

Next Post

Бугарското МНР ја поздравува работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања

Shortcut

Најново

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk