ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Гордо и достоинствено славиме 30 години јубилеј на Армијата која е столб на безбедноста, стабилноста и достоинството

August 18, 2022 16:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.

„Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата – 18 август.

Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО.

Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години.

Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии.

Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал.

Нека е честит и вековит Денот на Армијата!”, е наведено во честитката на премиерот Ковачевски.

На свечената церемонија на која присуствуваше премиерот се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, и на современи борбени возила со кои располага Армијата меѓу кои и новите оклопни возила со кои се претстави достигнувањето и извежбаноста на припадниците на Армијата.

На централната свеченост покрај премиерот Ковачевски присутни беа и претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор, пензионирани припадници на Армијата и претставници на организации со кои соработува Армијата.

Централната свеченост е една од завршните активности со кои се одбележуваше јубилејот 30 години од формирањето на Армијата меѓу кои беа реализирани: изложба по повод 30 годишниот јубилеј, отворениот настан за граѓаните, трибини, спортски натпревари, хуманитарни акции и прослави во единиците.

Next Post

Пендаровски: Започнавме скромно со оскудни воени резерви, но Армијата се реформираше во континуитет и сега сме членка на НАТО (ВИДЕО)

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk