Одлична енергија на вечерашната завршна конвенција на советничката листа на СДСМ и Коалицијата во Тетово, објави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
„За овие четири и пол години инвестиравме многу во Тетово и реализиравме проекти кои со години само се ветуваа а не се реализираа. Докажавме дека за нас зборот даден пред граѓаните вреди, дека она што го даваме како ветување го реализираме без разлика на се“, истакна Ковачевски.
Нагласи дека така ќе биде и со Програмата на советничката листа, она што денес се заложби на хартија, утре ќе бидат реални проекти.
„Затоа на 20 август, во сабота, повикувам на масовна поддршка за советничката листа на СДСМ и коалицијата.
Да гласаме за бројот еден, да гласаме за европско Тетово!“, потенцира Ковачевски од Тетово