Во општина Центар Жупа, на вторите повторени избори за градоначалник, до 11 часот излегле да гласаат 1.035 лица, односно 14 отсто од вкупно запишаните 7154 избирачи.
-Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14 отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.
Вп споредба со првите повторени избори на 17 април, кога до 11 частот правото на глас го остварија 593 лица или 8,38 отсто денеска излезноста е поголема за 5,62 отсто.
Вчера правото на глас во оваа општина го искористија 29 болни и немоќни лица.
Според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, во Маврово Ростуше до 11 часот излегле 1404 , односно 14,11 одсто од запишаните гласали, додкеа излезноста во Тетово за истиот период е 6,69 одсто, односно на гласање излегле 5624 избирачи.
Во Центар Жупа се гласа за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово-Ростуше за двајца кандидати за градоначалник. За изборите за градоначалник да бидат успешни потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи и мнозинството да гласаат за еден од кандидатите, односно за едниот кандидат во Центар Жупа.