НАСА ги објави првите снимки од вселенскиот телескоп Џејмс Веб во јули и леталото сè уште не застанало. Покрај официјалните објавени слики, необработените податоци снимени со телескопот дадоа и неверојатни материјали. Една од најновите слики ни доаѓа од дипломец по астрономија и ни дава хипнотизирачки поглед на Големата решеткаста спирална галаксија, пренесува BGR.com.
Галаксијата е формално позната како NGC 1365. Се наоѓа на околу 56 милиони светлосни години од Земјата. Галаксијата формира ѕвезди со супермасивна црна дупка која „активно се храни“ – слична на црната дупка во Млечниот Пат.
Галаксијата е исто така „свртена“ кон Земјата, што на астрономите им дава совршен поглед на нејзината структура со двојни решетки.
Воодушевувачките галаксии како Големата решеткаста спирална галаксија се формираат поради збир од гасови, ѕвезди и галактичка прашина кои орбитираат околу центарот на галаксијата со различна брзина. Ова предизвикува материјалот да се формира во поголема и помала густина, според Inverse. Научниците веруваат дека шипките во NGC 1365 можеби се дел од она што го поттикнува формирањето на нови ѕвезди во галаксијата.
Тимот зад вселенскиот телескоп Џејмс Веб ја избрал оваа ретка спирална галаксија поради нејзиниот потенцијал. Необработените податоци што ги обработуваше SpaceGuy44 беа снимени пред Џејмс Веб да ги покаже своите први слики во целосна големина. Како такви, гледаме некои од првите податоци што Џејмс Веб некогаш ги снимил.
Неверојатно е да се мисли на сиот потенцијал што Џејмс Веб го има за да ги проучува галаксиите како оваа Голема решеткаста спирална галаксија, како и потенцијалот што го има да открие вода на егзопланети кои се оддалечени милиони светлосни години.
Подготви: Ј. Ѓ.