ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ден на независноста на Украина: Историјата на празникот и неговото свето значење за Украинците

August 23, 2022 14:25
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДАРИЈА ЃОРГИЕВСКА

На 24 август Украина ја слави 31-та годишнина од Независноста, но сите ние веруваме дека се наближува уште поважен ден – победата над руските освојувачи.

Украина трасираше исклучително долг и тежок пат до својата државност. Според историските податоци, се работи за илјадагодишна историја која започнува уште од времето на Антскиот сојуз и Кијивска Рус. Сепак, ќе допреме до поновите, потврдени историски факти кои имаа значително влијание врз формирањето на модерна Украина како независна и суверена држава.

17 век: на територијата на модерна Украина е формирана Козачката држава. Козаците повеќе од сто години се бореле за независност на своите земји, но не можеа да ја задржат долго време.

18 век: територијата на модерна Украина ја делат неколку империи, вклучувајќи ја и руската. Украинците продолжија да живеат во заробеништво во следните двесте години.

19-ти век-почеток на 20 век: во Украина се раѓа национално движење, чиј развој води до Украинската револуција од 1917-1921 година и до обновување на украинската државност. Се формира законодавно државно тело – Централна Рада, која го прогласува создавањето на Украинската Народна Република, а подоцна – и независноста на Украинската Народна Република.

Во 1919 година, Актот на Злука го потврдува суверенитетот на украинските земји.

Меѓутоа, подоцна ние повторно ја губиме нашата држава до следните настани.

На 24 јули 1990 година, украинското сино-жолто знаме, за прв пат од 1920 година, се развеа над Кијивскиот градски совет, а на 28 јануари следната година беше одобрено како официјален државен симбол. На овие значајни настани им претходеше усвојувањето од страна на Врховната Рада на Декларацијата за државниот суверенитет на Украина на 16 јули 1990 година, како и голем митинг на жителите на Кијив (повеќе од 200.000 жители на главниот град се собраа во близина на градскиот совет), кои бараа свечено кревање на државното знаме над зградата.

Зошто сина и жолта? Според една верзија, сината боја го симболизира мирното небо на Украина, а жолтата боја ги симболизира нејзините бескрајни полиња со пченица. Според друга, тоа се симболи на двата главни елементи на природата: водата и оганот. Украинското знаме има и религиозно значење: жолтата го претставува Бога Создателот, а сината претставува сè на земјата. Патем, постои и Ден на националното знаме на Украина – тој се слави на 23 август.

Првото кревање на знамето, Кијив, 1990

На 24 август 1991 година беше усвоен „Актот за прогласување Независност на Украина“, а на 1 декември истата година беше одржан Сеукраинскиот референдум, според чии резултати повеќе од 90% од граѓаните го поддржаа новиот, посебен и важен статус на нашата држава. Ова укажува на тоа дека Независноста не ја избраа политичарите, туку самите граѓани – од Запад, Исток, Југ, Центар и Север на Украина. Прилично елоквентно, зарем не?

Прославата на украинската независност, Кијив, 1991.Генерално, Денот на Независноста за нас не е само свечен настан, дополнителен слободен ден или формалност: тој е ден од највисока вредност, кој е вграден во ДНК на секој свесен Украинец. Независност, нескротливост, непокорност – токму овие зборови соодветно го опишуваат портретот на нашата нација во очите на светот – особено сега, кога за слободата и можноста да живееме во сопствената, суверена и мирна земја, плаќаме неискажливо високо цена – десетици илјади човечки животи…

На 24 февруари 2022 година, Руската Федерација започна инвазија од големи размери на територијата на Украина со цел да ни го одземе ова право, за повторно да се обидат да не покорат, скршат, сотрат, да го уништат она што го градевме со децении. Така, оваа година нема да ја гледаме традиционалната парада на воена опрема, нема да гледаме со восхит на нашите прекрасни бранители кои чекорат по главната улица на Кијив под државни знамиња, бидејќи сите тие ја бранат нашата земја, нашата волја и Независност по цена на нивните животи.

Каде и да сме (во подрум, криејќи се од непријателските ракети, во бегалски камп во туѓина или дома), ние ќе облечеме традиционална, длабоко значајна вишиванка (традиционална украинска облека – забелешка на уредникот), ќе запалиме свеќи и ќе се молиме за тоа ужасната , крвопролевачката и апсолутно неоснована војна што ја започна РФ да заврши што поскоро и нашите деца да растат под мирно сино небо.


Преземено од ЦивилМедиа. Авторката е новинарка од Украина. Текстот е личен став на Авторката. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Извештај на ЕК: Економскиот раст на Западен Балкан значително забави во првиот квартал од 2025 година, економијата на Србија најмногу успори во регионот

July 26, 2025

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

July 26, 2025
Скриншот

Норис ја обезбеди пол-позицијата на белгиското Гран при

July 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се лизгаат како дожд низ керамиди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сеизмолошките станици низ државава пред затворање, Опсерваторијата нема опрема и кадар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран: Најмалку осум лица загинаа во нападот на судска зграда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за тетовец осомничен за посредување при вршење проституција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Подарена гитара на „Лед зепелин“ проценета на 50.000 фунти пред аукција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk