ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Обединети сме во поддршката на територијалниот интегритет на Украина, руската агресија веднаш да прекине

August 23, 2022 18:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, се обрати на Самитот на Меѓународната платформа за Крим, пред претседателот на Украина, Володимир Зеленски, премиерот на Украина, Денис Шмигал, претседателот на украинскиот Парламент, Руслан Стефанчук, претставници од Крим, лидери на земјите учеснички во иницијативата Меѓународна Кримска платформа и лидери на држави и влади на земји членки на НАТО, како и на ЕУ, меѓу кои претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и претставници од други држави од светот.

„Тука сум да ја потврдам силната и недвосмислена поддршка од Република Северна Македонија: на обединувачкиот карактер на Украина, на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, како и на неповредливоста на нејзините граници“, порача премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека со учеството на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на основачкиот самит на Кримската платформа, лани, на овој датум, Северна Македонија јасно и без задршка ја реафирмираше заземената позиција на страната на заштитата на меѓународното хуманитарно право, со заложба за почитување на нормите коишто ги штитат човековите права, предвидени во резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации и во одлуките на други меѓународни организации.

„Руската агресија врз Украина е недозволиво кршење на меѓународното право. Воените напади врз Украина од страна на Руската Федерација и злосторствата од руски сили врз цивилното население, најостро ги осудуваме. Република Северна Македонија, затоа се постави стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија, во однос на војната во Украина и се приклучивме на сите рестриктивни мерки и санкции кон Руската Федерација. Придружувањето кон активностите и политики на ЕУ и на демократскиот свет, за нас значи застанување на вистинската страна – во вистински момент“, оцени премиерот Ковачевски.

Тој констатираше дека година по основањето Меѓународната Кримска платформа, којашто има за цел да ја зголеми ефективноста на меѓународниот одговор кон тековната окупација на Крим и на таквите намери и кон други делови на Украина, се покажуваат исправни обединетите напори да се застане заеднички на патот на растечките безбедносни закани, за коишто сите сме свесни дека може да заземат непосакувани размери и затоа е добро што продолжуваат обединетите напори за нивно спречување. Оваа платформа, додаде премиерот, е резултат на тие обединети напори, но и на солидарноста меѓу членките на Европската Унија и на НАТО и добро што е правилно сфатена пораката на демократскиот свет.

„Да, заедно сме и обединети и во заложбите да се спречи понатамошно кршење на човековите права во Украина, со цел заштита на украинскиот народ и на Украина, од окупацискиот режим.

Ова покажување сила, на една географски поголема држава, врз една географски помала држава, определена да споделува демократски вредности, е опасен и недозволив пример, што не смее да стане пракса. Пушките и тенковите мора да останат во историјата. Дипломатијата и пенкалата се средствата за разбирање на дијалошките маси во 21 век, бидејќи, да мирот е најмоќното оружје на човештвото“, укажа премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека прекинот на војната во Украина нема да ги врати жртвите, но прекинот на војната – ден порано, ќе спречи нови жртви. Исто така, ќе даде шанса за рехабилитација на економиите, а тоа е неопходно и е очекување на граѓаните од политичките раководства.

„Затоа, Република Северна Македонија, како членка и иден претседавач со ОБСЕ, останува целосно ангажирана кон поддршката на напорите – мултилатерализмот да го надмине милитаризмот. Како премиер на Република Северна Македонија би сакал да потврдам дека ние остануваме посветени на поддршката на Украина и украинскиот народ и во оваа прилика се придружувам на повиците кон Руската Федерација да ја запре веднаш неиспровоцираната и неоправдана инвазија и да се воздржи од понатамошни воени дејствија во цела Украина. Иднината на светот зависи од тоа што го прави денес, а светот – тоа сме сите ние, тоа се сите држави, без исклучок!“, порача премиерот Ковачевски.

На вториот Самит на Меѓународната платформа за Крим, покрај премиерот Ковачевски учествуваа и министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.

Next Post

Влада: Обезбедени се услови за потребно наводнување земјоделски површини; ќе се спроведат јавни повици за вршители на енергетска дејност, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија; предвремена исплата на пензиите од 30 август

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk