ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со извоз од 61,4 милиони долари Северна Македонија 29 најголем извозник на вино во светот, втор најголем во регионот

August 23, 2022 11:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатата 2021 година македонските винарии извезла вино во вредност од 61,4 милиони долари, што е зголемување од 19,1% во споредба со претходната 2020 година.

Виното е еден од ретките извозни производи со кои Македонија како извозник котира повисоко на светските извозни ранг листи.

Така според последното рангирање на Worldtopexports, Македонија лани била 29-ти најголем извозник на вина во светот.

Во регионот, пак, Македонија е еден од лидерите според вредноста на извезеното вино, односно втор најголем извозник после Грција. Грција со извоз од 100 милиони долари минатата година е рангирана на 25 место на листата на најголеми извозници на вино во светот.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот, но во последните неколку години има успешни обиди за извоз на вино и во други земји во Западна Европа и во Кина.

Најголем извоз на вино традиционално веќе со години наназад имаме во Србија. Минатата година во Србија биле продадени македонски вина во вредност од 14,8 милиони долари. Втор најголем извозен пазар за македонските вина е Германија, каде е извезено вино во вредност од 9,8 милиони долари.

Следат Хрватска со извоз од 9,6 милиони долари минатата година, БиХ со извоз вреден 4,4 милиони долари и Бугарија со извоз од 3,5 милиони долари.
Кина лани била седми најголем извозен пазар за македонските вина со извоз од над 1,9 милиони евра.

Лани на десет пазари имало извоз на македонски вина поголем од 1 милион долари и на овие пазари е реализиран скоро 90% од вкупниот извоз на вина.

Македонската винска индустрија е една од ретките нето извозни индустрии во земјава, бидејќи и суровините кои ги користи за производство се речиси во целост домашни.

Според податоците од Асоцијацијата Wines of Macedonia над 85% од вкупно произведеното вино се извезува на близу 40 странски пазари, а 15 % се продава на домашниот пазар. Околу 50% од произведените македонски вина се извезуваат во шишиња, додека останатото се продава на странските пазари како наливно вино. Најголеми извозни пазари за флаширано вино се земјите од регионот, додека најголем дел од наливното вино се извезува во Германија.

Винската индустрија во Македонија е високо фрагментирана и во неа работат  74 регистрирани винарии, од кои околу 90% се со капацитет помал од 5 милиони литри, а само четири се поголеми винарии со капацитет помеѓу 15 и 50 милиони литри. Најголема винарија и најголем извозник на вино од земјава е винаријата Тиквеш.

Извор: Извоз.мк

Поврзано

МЗШВ: Историско најголемо зголемување од 30% на откупната цена за грозје

Next Post

Двајца Руси и Украинец обвинети за шпионирање на воена фабрика во Албанија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk