ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маричиќ: Учеството на Стопанските комори во пристапните преговори со ЕУ, ќе биде клучно

August 25, 2022 18:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на редовната седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која претседаваше заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на која го објасни скрининг процесот на претставниците на Стопанските Комори и нивната улога во процесот на пристапните преговори со Унијата.

Учеството на Стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија, рече вицепремиерот Маричиќ, информираат од неговиот кабинет.

На состаникот, Маричиќ, исто така посочил дека пред нас е динамичен процес во кој ќе бидат поставени барања и структурни промени, кои нè очекуваат во процесот на пристапување, како и по влезот во Европската Унија.

Една од најважните цели на економската политика во наредниот период мора да ни биде зајакнување на конкурентноста на економијата со цел да се подобри нејзината способност да ги издржи притисоците на конкуренцијата во Европската унија, рече вицепремиерот Маричиќ, потенцирајќи дека  учеството на Стопанските комори во пристапните преговори, ќе биде клучно, бидејќи со специфичното знаење и искуство што го има бизнис секторот, може многу да придонесе за подобрување на политиките и побрзо усогласување со  ЕУ регулативите и ЕУ стандардите, кои ќе бараат и човечки и финансиски капитал, но и нова технологија.

Маричиќ изрази верување дека заеднички ќе успееме да ги надминеме предизвиците кои нè очекуваат во претстојниот интензивен период и дека успешно ќе се завршиме преговарачкиот процес, кој ќе значи членство во Унијата и отворање на нов пазар, укинување на царинските бариери и пристап до сите фондови на ЕУ, потенцирајќи дека и државата и граѓаните го заслужуваат тоа.

Од кабинетот на Маричиќ информираат дека вицепремиерот ги продолжува консултациите и во наредниот период ќе се работи на идентификување на луѓе, експерти кои ќе можат да се вклучат и со својата стручност и знаење да придонесат во преговорите. Дел од овој процес ќе бидат не само луѓето кои веќе се дел од администрацијата, туку и експерти од надвор, со цел навремено информирање и креирање политики дома согласно политиките на ЕУ, за полесно трансферирање во нашиот систем.

Next Post

Дениз Браун е шокирана од вчерашните воени напади во кои загинаа деца и други цивили во Украина

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk