ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Британски тинк тенк: Народната банка на Северна Македонија прва во светот според застапеноста на жените на раководни места во финансиските институции

August 28, 2022 11:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка на Република Северна Македонија е прва во светот меѓу централните банки и финансиските институции според застапеноста на жените на раководни позиции. Ова, како што соопштуваат од Народната банка, е нотирано во објавата на британскиот тинк-тенк ОМФИФ – Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции, посветена на Индексот на родова еднаквост во финансиските институции за 2022 година. Со овој индекс веќе девет години по ред се рангираат финансиските институции според родовата застапеност, пренесува МИА.. 

Водејќи се од заложбите за унапредување на положбата на жената во финансиските институции, ОМФИФ ја поздравува високата застапеност на жените на раководни места во нашата централна банка, претставувајќи ги како институции со врвни достигнувања. Во нивната објава за застапеноста на жените во раководните структури на Народната банка, се истакнува дека пет од единаесет високи раководни позиции во Народната банка ги извршуваат жени, меѓу кои и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска, стои во соопштението.

Годинава, покрај лидерското место на Народната банка, на листата на централни банки на ОМФИФ со најголема застапеност на жени на раководни позиции се најдоа и централните банки на Австралија, Тонга, Аруба, Србија, Норвешка, Малдиви и на Тунис. Како што се наведува во објавата, покрај Народната банка која има исклучително високо присуство на жени на раководни позиции, останатите седум централни банки на листата имаат или гувернерки или жени во советот, но не и на двете нивоа, како што е случајот со нашата централна банка. Централните банки на Норвешка и на Аруба, на пример, немаат вицегувернерки, но имаат гувернерки, додека централните банки на Австралија и Тонга немаат гувернерки, но имаат висока застапеност на жените во високото раководство.

Од ОМФИФ забележуваат дека трендовите покажуваат напредок во родовата застапеност во финансискиот сектор, како и дека се повеќе централни банки се раководени од жени. Сепак, иако континуиран, напредокот во оваа област е бавен. Наведените централни банки, заедно со уште седум фондови, каде што застапеноста на жените на раководни позиции е висока, изнесуваат помалку од пет проценти од 335 институции колку што беа опфатени со анализата на Индексот за родова еднаквост. Оттаму, претстои уште работа за да се зголеми застапеноста на жените на раководните позиции во финансиите во глобални рамки, велат од ОМФИФ, стои во соопштението.

Next Post

Манастирот Трескавец чека интензивна заштита и од странски експерти

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk