ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

До стан во Скопје со цела заработувачка од 10 до 17 години, во Дојран со осум, во Крива Паланка со шест

August 28, 2022 09:24
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА

Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации.  Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата.

За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати, или вкупната заработувачка на едно лице од приближно 10 до 17,5 години. Податоците се врз основа на движењето на цена на квадрат од 1000 до 1800 евра зависно од локацијата и општината во Скопје и просечната исплатена нето плата во државава во јуни годинава во износ од 31.869 денари (518 евра). Во градовите од внатрешноста македонските граѓани може да дојдат до ново живеалиште и со вкупната заработувачка од седум години.

Анализата што ја направи МИА, според податоците од тековните огласени цени за становите на продажба преку агенциите за недвижности по случаен избор, покажува дека стан од 60 квадрати на најатрактивните локации во Скопје кој се продава по цена од 1800 евра чини 108.000 или 208 просечни плати, што е над 17 години работа, доколку се плати во готово.

За стан во Центар од 60 квадрати, со цена од 1.600 евра по метар квадратен, се потребни 96.000 евра, односно 185,3 просечни плати или примања во рок од 15 години. За стан со истата квадратура во населбата Капиштец по цена од 1200 евра, треба да се одвојат 72.000 евра, односно приближно 140 просечни плати или да се работи над 11 години. За стан од 60 квадрати во градба во Општина Кисела Вода, огласен со цена од 1400 евра за метар квадратен треба да се платат 84.000 евра, односно 162 плати или 13,5 години работа. Доколку некој се одлучи за стан со таа површина, но по цена од околу 1000 евра по квадрат што во огласите може да се најде во само во периферните населби, ќе треба да одвои 117 плати, односно да ги штеди сите примања речиси 10 години.

За да се купи луксузен стан во Охрид од 63 квадрати, за кој цената е 1450 евра, се потребни 91.350 евра, што се 179 просечни плати или речиси 15 години. Во Охрид, меѓу огласените станови за продажба има и по цена од 1.080 евра, па за стан од 56 квадрати се потребни  60.480 евра или 118 просечни нето плати, или приближно десет години.

Во Штип за огласен стан од 52 квадрати за вкупно 52.000 евра се потребни 100 просечни плати, односно 8,3 години.

За да се купи стан во Дојран, пак, каде дел од огласените се по цени и од 900 евра за метар квадратен, за 60 квадрати се потребни 54.000 евра односно 104 просечни плати или 8,6 години работа.

За во Кочани, пак, за стан во градба од 60 метри квадратни, по цена од 730 евра, или вкупно 43.800 евра, треба да се работи седум години, односно да се одвојат 84 плати. Една година помалку, односно вкупно шест години треба да се работи за стан со таа квадратура во Крива Паланка, каде има огласени станови по цена и од 625 евра за метар квадратен.

Чесите до нова недвижност за 13,3 години, Белгијците за 4,5 години

Последното истражување на Deloitte Property Index 2022 година, во кое се опфатени 23 држави, според пресметките од односот на бруто годишната заработувачка и цената, покажуваат дека за да купат недвижности најдолго треба да работат Чесите, 13,3 години. Тоа е речиси четири пати повеќе во однос на Ирците на кои им се доволни малку повеќе од три години. На жителите на Словачка им се потребни 12,76 годишни плати, на тие во Србија 11,5 години. Во Норвешка може да се купи нова недвижност со просечната заработувачка во тек на 4,4 години, а во Белгија 4,5 години.

Истражувањето покажува дека најевтини се новоградбите во Босна и Херцеговина со просечна цена од 974 евра за метар квадратен, во Романија квадратот во просек чини 1.266 евра, во Хрватска 1.823, а во Словенија 3.356 евра. Најскапиот квадрат станбена површина од земјите вклучени во истражувањето е во Велика Британија, каде цената изнесува 4.905 евра, пред Австрија со 4.782 евра и Франција со 4.639 евра. Германија и Холандија се приклучија на листата на најскапи земји во 2021 година, со цени од 4.600 и 3.949 евра за метар квадратен.

 

Раст на цените на недвижностите и во вториот квартал

Цената на недвижностите во државава продолжи да се зголемува и во вториот квартал годинава кога забележа раст од 16,5 отсто на годишно и од 6,8 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал годинава, растот на цените на недвижностите изнесуваше 12,4 проценти на годишно ниво, а квартално 2,9 проценти.

Пресметките на консултантската компанија за недвижности Фортон МКА, објавени на крајот на јуни годинава, покажуваат дека просечната цена на метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години се зголемила за 20 отсто.

 

Next Post
Отворен Балкан. Фото: ЦивилМедиа

„Отворен Балкан“ отвора голем туристички потенцијал, може да генерира 30 милиони ноќевања

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk