ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Студентите од самохрани семејства ќе плаќаат половина од уписнината

August 28, 2022 19:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Студентите од самохрани семејства ќе плаќаат половина од уписнината на првиот циклус на студии. Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ донесе одлука студентите, чие родителско право го врши само еден родител, а се запишани на еден од факултетите во склоп Универзитетот, да платат само 50 отсто од износот на уписнината за прв циклус на студии во зимскиот семестар, пренесува Мета.мк.

Поволноста се однесува за студентите кои потекнуваат од семејства каде родителското право го врши еден родител, односно имаат само еден родител запишан во изводот од Матичната книга на родените, еден родител е починат или го загубил родителското право. Според одлуката на УКИМ, по завршувањето на уписите во зимскиот семестар, Универизитетот ќе отвори интерен оглас на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани студенти, а селекцијата ќе ја направи комисија врз основа на Правилникот за запишување во квоти на студенти чие родителско право го врши само еден родител.

Во новата одлука стои дека најголем процент во бодувањето ќе добие финансиската состојба на кандидатот, 60 отсто и неговиот успех, 40 отсто од поените.

Од младинската организација One Can Youth апелираат и до претставниците на Универзитетите Св.„Климент Охридски“ од Битола и „Гоце Делчев“ од Штип да го следат позитивниот пример на УКИМ и да покажат дека се силна поддршка на нивните студенти.

„Благодарни сме на Студентски правобранители и Универзитетско студентско собрание на УКИМ што стапија во соработка и делување заедно со One Can Youth, како застапници за правата на млади од самохрани и еднородителски семејства“, пишуваат од организацијата.

Next Post

Втора победа за македонските кошаркари во претквалификациите за Евробаскет 2025

НАЈНОВО

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk