ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинителот Трајче Пеливанов избран за времена замена на Русковска

August 29, 2022 14:16
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На шеесет и четвртата седница на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија што се одржа денеска, Советот го назначи обвинителот Трајче Пеливанов како времена замена на досегашната шефица на Јавното обвинителство, Вилма Русковска.

Како што информираа од Советот за МИА, Пеливанов е назначен бидејќи во постапката која се води, а поради која Русковска е времено оддалечена од својата функција, не може да ја врши својата функција, и, како што посочуваат, бидејќи се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да биде без раководител.

Назначивме бидејќи во постапката која се води, оддалечувањето, бидејќи сегашната шефица Вилма Русковска не може да ја врши функцијата, не е таму физички, од друга страна, првата заменичка исто така е вклучена во кривичната постапка и во дисциплинската, така што мораше да се назначи лице кое ќе раководи додека е оддалечена обвинителката, додека трае оддалечувањето. Сепак се работи за обвинителство каде што имаме сериозен организиран криминал и не треба да стои без команда, без некој таму да раководи, информираше претседателот на Советот, Антонио Јолевски.

Како што образложи, доколку Русковска се врати на работа тогаш, таа ќе се врати на својата функција, а доколку тоа не се случи до истекот на нејзиниот мандат во ноември, тогаш ќе биде назначен некој од новоизбраните обвинители.

Ова се определува само како времена замена, не е вршител на должноста, тој е определен колку во меѓувреме да може да прима пошта, да потпишува, плата да може да подигне, не е како  класичен вршител на должноста, а ова е законски регулирано во член 9 за Совет на јавни обвинители, појасни претседателот.

Републичкиот јавен обвинител, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесената пријава од Арафат Муареми за претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција. Советот на Јавни обвинители, минатата недела ја одби жалбата на Русковска како неоснована, и ја потврди нејзината суспензија од функцијата.

Next Post

(ВИДЕО) Тасевска: Инвестираме во подобри услови за детскиот раст и развој, градиме нови, европски градинки

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk