ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Последни подготовки за Првиот меѓународен саем Винска Визија Отворен Балкан во Белград

August 29, 2022 14:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград течат последните подготовки за Првиот меѓународен саем Винска визија Отврен Балкан. Во главниот град на Србија по улиците веќе се веат знамињата на Србија, Северна Македониј и Албанија, чии влади се организатори на оваа голема манифестација, јави дописникот на МИА од Белград.

Српската Влада веќе најави дека од 1 до 4 септември во рамките на Иницијативата Отворен Балкан ќе се одржи оваа голема манифестација, која „ќе ги собере најдобрите производители на виното во регионот и ќе го промовираат Балканот како се повеќе барана винска и туристичка дестинација, што преставува конкретен чекор во остварување на целта на оваа иницијатива, а тоа е заеднички пазар кој подразбира слободен проток на луѓе,стока, капитал и услуги.“

Како што дознава МИА, засега во рамките на манифестацијата на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. На манифестацијата ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, се резервирани за туризмот.

„Винска визија Отворен Балкан“ свечано ќе биде отврен на 1 септември од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит.

Српкиот претседател за Саемот најави присуство и на министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, а се очекуваат и други високи гости.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи, изјави вчера премеирот Димитар Ковачевски.

Од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а на 2 септември во Белград ќе биде организирана и Македонска вечер, чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски, на која се очекува да присуствуваат 500 гости.

За време на Саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали, ќе можат да се едуцираат и да научат сè што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, процесот на производство, видовите на вино, конзумацијата и да ги вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регионот и светот.

За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното.

Србија организираше и го покани Фалстаф, кој е еден од најголемите списанија за промоција на вино во Европа и светот. Тука е и Декантер. Она што го видовме, што се покажа во последните години е дека научивме да правиме доста добро вино. Ајде сега да се обидеме да пробаме да научиме да правиме и добар бизнис од виното, да покажеме дека ова е регион не е регион само на проблеми, дека не е регион што создава проблеми, туку регион што создава решенија, што создава нови можности, пред се нови деловни можности за своите граѓани, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС).

На саемот ќе учествуваат и 44 дестилерии, од кои едната е од Албанија и три од Северна Македонија, а оценка за квалитетот ќе даде седумчлена комисија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk