РИБАРО
После вчерашните поплави во Скопје, каде под вода останаа безмалку сите улици во Градот, градоначалничката Арсовска и Град Скопје излегоа со супер досетлива идеја која долгорочно ќе го реши проблемот на скопјани, а воедно нема да претставува голем товар ни за Град Скопје ни за граѓаните.
Арсовска, имено, како што известуваат изворите на АХА од Град Скопје, предложила да се издвојат значителни средства за субвенции на скопјани за купување на кајаци на улични води.
Вештата менаџерка на Скопје, пресметала дека најевтината варијанта за да се санираат штетите од поплавите е да не интервенираат службите на градот во чистење на сливници, шахти, канали… туку парите да им се дадат на скопјани за купување на кајаци, за полесен и побезбеден превоз на граѓаните.
Ова е генијална идеја на Арсовска! Повторно ќе гласаме за неа!, реагираат едногласно скопјани во анкетата што утрово ја направи екипата на АХА.
Субвенциите на скопјани ќе се делеле по принципот прв пријавен, прв услужен.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK