ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што, по ѓаволите, работи Арсовска Д. со Скопје?

August 31, 2022 13:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ќе излезе човек на „по една“ со пријател, ќе му тргне разговорот па ќе изгуби чувство за време, и додека дими цигарата и се отвара јазикот, не гледаш брате мили дека на север во земјата, Скопје, твојот главен град, влегол во апокалиптично расположение, вода се шири на сите страни како „надојден Нил“.

Гледаш поплавени трговски центри, шопинг молови, откорнати и скршени дрва, удавени автомобили… Првата помисла која ми летна низ главата беше, „добро, мајку му стара, има ли во Скопје градска власт, комунални претпријатија кои се занимаваат со конкретни и реални проблеми на луѓето во градот“? Изгледа нема. Ако нема, а очигледно нема, тогаш се поставува ново прашање: ако скопјани се несреќни луѓе, дали можеби градската власт има голем удел во тоа?

Нели за време на невреме треба да се повика Кризниот штаб или така некоја слична инстанца, а ако, пак, кризниот штаб е повикан, нели таквиот може нешто да предвиди, да санира на време малку-од-малку, затоа што вака мене ми изгледа дека скопјани се препуштени сами на себе да се снаоѓаат дури и во време на природно невреме.

Не го пишувам ова со никакво задоволство – ама работите заради јавното здравје – мора да се означат со вистинска адреса: госпоѓата Арсовска е чемер, јад и беда. Се што во еден град се случува, одговорноста на градските власти е да разберат дека нашите животи им се дадени „на чување“, како што им се дадени на чување и животите на нашите деца, нашите пријатели, и ако градските власти на градот Скопје не се во состојба да ги разберат овие зборови, тогаш ние овде имаме сериозен проблем.

Додека народот се спрема за тешка зима, додека се стравува од скапите енергенси, па дури се стравува и од едно природно невреме, тогаш не може а да не се запрашаме што, по ѓаволите со мене, работи ВМРО-ДПМНЕ и Левица во град Скопје? Имаат ли Кризен штаб, дали комуналните служби реагираа брзо и навремено?

Жална е таа госпоѓа Арсовска, жални се Мицковци и жални се лажните левичари, а најжални се гласачите кои денес разбираат – или барем мене така ми се чини – градоначалничката на Скопје и нејзиниот тим потфрли и сè уште потфрла.

Дури на мислење сум, имено, Арсовска е жртва на тешка „болест на публицитет“, толку нетипично за еден човек кој мора да координира и насочува, да управува со моќта во градот, а дури далеку потоа, да се слика и перчи.

Не гледа самата Арсовска дека својот рејтинг за нецела година го потроши на начин што одработи за туѓа политичка корист, а на штета на граѓаните на град Скопје. Скопје, од друга страна, треба да биде „втора власт“ после извршната – во некоја изопштена смисла – и ако овде кадарот на ВМРО-ДПМНЕ е катастрофален, што значи ако на „најградската оперативна зона“ се очајни, какви ли ќе бидат кога евентуално би дошле во извршната власт?

Во мала средина нема тајни, сите знаат сè за секого, ама исто така знам и тоа дека скопските кафеани на скопјани им служат за разговор и проценка на нечиј карактер, вкус, мерка, интелегенција, издржливост. И последната традиционална дисциплина: жени и алкохол! И немам сомнеж дека на „пасја прескакала“ е најозборувана жена во градот. Односно, проценет е нејзиниот карактер и способност.

Ете, драги скопјани, така изгледа групата од градски „генерали“: комплетно незаинтересирани за „јавните работи“ и јавните простори, дури и за време на природно невреме. Зошто вие, градски генерали, сакате гласот на граѓаните да ви биде на прво место, а работата за градските работи на високо последно место? Свртете го само еднаш редоследот, тешки и сериозни времиња се пред нас а народот долго памети несреќа и срамота.

Затоа вредноста на секоја градска власт, како и вредноста на секој човек, се цени по бројот на работите од кои се срами или одбива да ги направи. Тоа вреди и за генералите, дури и кога се облечени во женски сукњи.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk