ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Започнува реконструкцијата на локалниот пат Јосифово – Калково, инвестиција од 8,7 милиони денари

September 1, 2022 14:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за транспорт и врски продолжува активно и во континуитет да дава поддршка на општините преку проекти со кои ја подобруваме и развиваме патната мрежа и ја подигнуваме безбедноста при патувањето, се вели во соопштението за транспорт и врски.

Оттаму нагласуваат дека со Проектот за рехабилитација на локални улици и патишта се вбризгуваат неповратни средства во локалните самоуправи со што значително се подобрува урбаното живеење. До сега реконструиравме преку 90 локални улици и патишта во 46 општини, велат од Министерството.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски, денеска оствари работна посета на општина Валандово каде со градоначалникот Костадинов поразговараа за проектите кои се реализираат со поддршка од централната власт, а го означија и почетокот на градежните активности за рехабилитација на локалниот пат Јосифово – Калково.

„Министерството за транспорт и врски дава силна поддршка на општините. Во општина Валандово вложуваме скоро 700 илјади евра преку Проектот за рехабилитација на локални улици и патишта. Денеска започнуваме со рехабилитацијата на локалниот пат кој ги поврзува населените места Јосифово и Калково, чија инвестиција изнесува 8,7 милиони денари и со што решаваме големо прашање за локалното население.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој ја искористи приликата да најави уште еден проект кој ќе започне да се реализира наскоро во општина Валандово со поддршка од централната власт.

„Оваа есен очекувам да започнеме со реализација на проектот за изградба на примарна водоводна мрежа во населеното место Калково. Документацијата е подготвена, наскоро ќе биде распишан јавниот повик за избор на фирма изведувач. Со општина Валандово и градоначалникот Костадинов имаме одлична соработка и продолжуваме така и понатаму со цел обезбедување подобри услови за живот на граѓаните и развој на локалната економија.“ – истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, се заблагодари на досегашната поддршка од централната власт и најави реализација на нови проекти во наредниот период.

„Особено ми е драго што денеска заедно со министерот Бочварски сме во Јосифово, каде со поддршка од Министерството за транспорт и врски започнува рехабилитацијата на локалниот пат кон н.м. Калково. Реализацијата на квалитетни проекти кои носат бенефит за нашите граѓани се наш приоритет. Би сакал од мое име и од името на жителите на општина Валандово да се заблагодарам за досегашната поддршка од централната власт и уверувам дека добрата комуникација и соработка ќе продолжи и во иднина, со цел подобрување на квалитетот на живот и поттикување на забрзан развој на општина Валандово.“ – изјави градоначалникот Костадинов.

Next Post
Клиника за инфективни болести (фото: МИА)

Бројот на нови случаи на Ковид-19 опаѓа, денеска регистрирани 169, починати нема

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk