ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Премиерот Ковачевски на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна година

September 1, 2022 10:11
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна 2022/23 година. Во честитката тој им порача на учениците да учат, да се дружат и да не заборават дека образованието е една од најважните инвестиции во животот.

Драги првачиња, драги ученици. Пред вас е првиот училиштен ден од новата учебна година.Ви посакувам успешен почеток, да стекнете многу нови знаења и вештини и секако ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот. Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој. Бидете другари и помагајте им на оние кои не можат да постигнат сѐ сами. Верувајте во себе и во постигнатите резултати и никогаш не се откажувајте од зацртаните цели. Не заборавајте дека образованието е една од најважните инвестиции во животот, порача Ковачевски.

Тој воедно им честита и на родителите и старателите чии деца за првпат оваа учебна година седнуваат во училишните клупи.

Со вложувања и реформски процеси, ние како Влада интензивно работиме на подобрување на образовниот систем во Република Северна Македонија, со што обезбедуваме квалитетно и достапно образование за секое дете. Со вработување на образовни асистенти им даваме поддршка и вклучување во редовната настава на децата со посебни потреби. Градиме нови училишта  ги реконструираме и модерно опремуваме веќе постоечките и го модернизираме нашето образование, истакна претседателот на Владата.

Во честитката за почеток на новата учебна година, Ковачевски упати честитки и до наставниците.

Вие сте клучот за квалитетно образование. Од вашиот ангажман, зависат постигнатите резултати кај учениците. Затоа бидете нивна поддршка, инспирација и поттик во создавањето на индивидуи кои утре ќе бидат движечката сила и умот на државата, потенцира Ковачевски.

Тој, меѓу другото, посочи дека Владата продолжува и понатаму  да го јакне наставниот кадар за кој од септември е предвидено покачување на платите, како и континуирани обуки за новите наставни програми.

Вложувањето во образованието значи директна инвестиција во економскиот раст и просперитетот на Република Северна Македонија. Драги деца, родители и наставници останете во добро здравје и среќно на сите, порача Ковачевски.

 

Next Post

Шаќири од новото училиште во Илинден: 1 септември е почеток на нови подвизи и успеси

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk