Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, под покровителство на владите на Србија, Северна, Македонија и Албанија ќе се одржува од денеска до 4 септември во Белград.
Саемот ќе биде официјално отворен во 13 часот на Белградскиот саем во Хала 1, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.