ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Да не се шират невистини, порачуваат од Владата, „Македонски“ може да се види секаде на саемот во Белград

September 2, 2022 07:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Владата посочуваат дека придавката „македонски“, ја има секаде во промотивниот материјал за саемот кој се дистрибуира на повеќе јазици, а буџетот покрај за рекламите, според објаснувањето оттаму, е наменет и за „Македонската вечер“ што ќе се организира во Белград, како и за еднодневниот фестивал закажан за 7 септември во Струмица, пренесува 360 Степени.

Реакцијата од Владата е откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција тврдеше дека на фестивалот се бара во промоцијата да не се споменува „Македонија и „македонско“.

„Апелираме да не се шират невистини, кои ни носат само штета. Настанот во Белград е значаен за промоција и поддршка на македонската економија и извозниот потенцијал на македонските вина и храна, но и важен за развој на туризмот како и за поврзување и заедничка соработка на земјите од регионот. Придавката „македонски“ може да се види секаде на промотивен материјал и е составен дел од сите материјали со кои се промовираат македонските производи, храна, вино и туризам. Сите досега објавени материјали во јавноста ја содржат таа придавка и истата е составен дел од материјалите на другите јазици“, велат од Владата во одговорот до „360 степени“.

На првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, Северна Македонија се претставува под слоганот „Вкуси го животот”, со 42 винарии, три дестилерии и десетина производители на храна. Промовирани ќе бидат македонската автентична кујна и преку 300 различни вина и ракии. Организирана ќе биде и Македонска вечер на која ќе се презентира македонската економија преку вината, храната, музиката и туризмот, чиј домаќин ќе биде премиерот Ковачевски. Гостите ќе може да уживаат во настапот на виртуозот Влатко Стефановски.

Учество на Саемот најавиле преку 332 учесници од 22 земји од кои 160 се изложувачи од Србија, 26 од Албанија и 47 од Северна Македонија. Покрај од државите-членки на Отворен Балкан, се очекуваат и изложувачи од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка,…

На Саемот ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и од источните земји. Вкупно 300 метри квадратни се резервирани за туризмот.

Ј. Ѓ.

Next Post

Променливо облачно и нестабилно, локално со дожд, град и силен ветер

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk