ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Обвинетите за убиството на Денис Тот не се чувствуваат виновни, судењето продолжува на 14 септември

September 5, 2022 13:08
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски денеска пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар, пренесува МИА.

На денешното, прво рочиште од процесот, обвинителката Тања Трајчевска го даде воведниот говор на Обвинителството во кој го образложи обвинителниот акт со кој го опиша настанот во кој хрватскиот ракометар, Денис Тот, беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

Од сите тие удари оштетениот се здобил со повеќе повреди, како и тешки телесни повреди и како резултат на сите тие повреди кај оштетениот настанала коматозна состојба. Истиот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Клиничкиот центар Мајка Тереза, рече таа.

Дополни дека како резултат на повредите и настанатата траума на главата дошло до пореметување и прекин на мозочните неурони кое резултирало со смртен исход на 8 април 2022 година во 11:40 часот.

Трајчевска посочи на листата на докази со кои располага Обвинителство, а помеѓу кои се записник за претрес на дом и други простории, потврди за привремено одземени предмети, со кои што, како што рече, е одземена облеката од оштетениот и дел од облеката на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски.

Раполага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден, рече таа.

Дополни дека Обвинителство располага и со вештачење на облеката, вешти наоди и мислења по однос на пресметливоста на сите кои се обвинити, како и медицинска документација од која произлегуваат видот и карактерот на повредите кои оштетениот ги здобил критичната ноќ.

Исто така, изготвен е и писмен извештај за извршена обдукција од 9 април 2022 година од Институт за судска медицина при медицинскиот факултет во Скопје, во прилог ЦД од извршена обдукција, како и писмен извештај за извршени вештачење од 20 јуни 2022 година од Институт, а од кои произлегува причината за смртта на оштетениот како и причинско последичната врска помеѓу смртта, која настапила кај оштетениот и дејствијата кои ги презеле обвинетите критичниот ден, образложи таа.

Од страна на Обвинителството, дополни, биле испитани законскиот застапник на оштетениот Денис Тот, неговиот татко Игор Тот, како и сведоците кои биле присутни на настанот.

Со ваквите докази сметам дека ќе докажеме дека обвинетите го сториле кривичното дело на начин време и место како е опишано во обвинителниот акт, рече Трајчевска.

На денешното рочиште тројцата обвинети изјавија дека го разбираат обвинението кое им се става на товар и изјавија дека не се чувствуваат виновни во врска со истото.

Воведните зборови на одбраната се одложија за наредното рочиште поради барање на еден од бранителите.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април 2022 година, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а наредното рочиште е насрочено за 14 септември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Конфедерацијата на слободни синдикати предлага за заштеда на струја јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот

НАЈНОВО

Според Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетни честички во Скопје:Тоа е визуелно така

September 10, 2025

ДИК: Досега 5.729 граѓани го провериле Избирачкиот список

September 10, 2025

Три лица, меѓу нив и малолетник, пријавени за пожарот во кумановската населба „Бавчи“

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk