ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Не е точно дека Заев и Филипче се новите сопственици на болницата „Ре-Медика“

September 5, 2022 22:54
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во сопственичката структура на приватната болница засега не се извршени никакви промени. Ова не значи дека можеби во иднина нема да се случат, но информацијата дека од 1 септември годинава сопственици на „Ре-Медика“ се поранешниот премиер Зоран Заев и ексминитерот за здравство Венко Филипче, не соодветствува со фактите. Според податоците од Централниот регистар, сопственик на општата болница „Ре-Медика“ е Макмедикон Консалтинг, а управител е Елица Јорданова, сопруга на бизнисменот Минчо Јорданов и овие податоци не се променети од 2006 година, пишува Вистиномер.

Текстот го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека поранешниот премиер Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче станале газди на приватната болница „Ре-Медика“. Нашата проверка на факти покажа дека оваа информација не е точна.

Во споделениот напис, во насловот, се вели:

ГОТОВО Е! РЕМЕДИКА ОД ДЕНЕС Е ФИРМА НА КОЈА ГАЗДИ СТАНАА ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ!!!

Понатаму, во текстот се пренесува наводен допис од анонимен читател, кој, меѓу другото, тврди дека „од денеска (н.з. 1 септември 2022) „Ре-медика“ е во сопственост на Заев и Филипче“ и се додава дека ексминистерот за здравство бил во посета на болницата, „се однесувал како газда, се шетал со газдарицата Елица и се шетале и разговарале во канцеларијата“.

Нашата проверка на факти покажа дека оваа информација не е точна, односно во сопственичката структура на приватната болница не се извршени никакви промени. Ова не значи дека можеби во иднина нема да се случат, но информацијата дека од 1 септември годинава сопственици на „Ре-Медика“ се Зоран Заев и Венко Филипче, не соодветствува со фактите.

Имено, според податоците од Централниот регистар, сопственик на општата болница „Ре-Медика“ е Макмедикон Консалтинг, а управител е Елица Јорданова, сопруга на бизнисменот Минчо Јорданов.

Макмедикон Консалтинг ГмБХ е фирма со седиште во Виена, Австрија, отворена е во 2004 година, а според австрискиот регистар на компании, акциите во фирмата се поделени меѓу Минчо и Елица Јорданови, додека Јорданов се јавува како директор.

Овие податоци, во однос на сопственичката структура на „Ре-Медика“ не се променети од 2006 година.

Инаку, ПЗУ Ре-Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија основана во 2005 година. На адресата на болницата, пак, според податоците од Централниот регистар, 16-та Македонска Бригада 18, Гази Баба во Скопје, регистрирани се и голем број други фирми кои се поврзуваат со познатиот бизнисмен Јорданов. На официјалната веб-страница на болницата, сè уште стои Елица Јорданова како генерална директорка.

Сето ова значи дека сопствеништвото на „Ре-Медика“, формално-правно не е променето, иако за тоа во последниов период постојат повеќе шпекулации во јавноста. Оттаму, информацијата дека Заев и Филипче станале сопственици на „Ре-Медика“ ја оценуваме како невистинита.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

СДСМ: Референдум против ЕУ, нема поддршка, Мицкоски на погрешен начин бара спас за фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk