ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осумдневен притвор за лице од Гегвелија за извршено семејно насилство

September 7, 2022 10:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Осумдневен притвор за лице од Гевгелија кое извршило семејно насилство врз жена со која бил во вонбрачна заедница и имаат две малолетни деца.

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „неизвршување на судска одлука“ од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една  колешка се враќале од работа, осомничениот ги пресретнал, почнал да ѝ упатува вербални закани на оштетената, да ја турка и да ја удира по лицето. Потоа продолжил да ја удира по телото, ја фатил со рацете за вратот и ѝ ги свиткал рацете со што ѝ нанел телесни повреди – набиеници, информираат од ЈО.

Оттаму истакнуваат дека, на осомничениот, од 26 мај, со правосилно решение на Основен суд Гевгелија донесено во постапка за заштита на правата на оштетената – жртва на семејно насилство, му биле изречени повеќе привремени мерки за заштита од семејно насилство, меѓу кои забрана да ѝ се заканува на оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира и контактира преку социјални мрежи и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри од живеалиштето на жртвата на семејно насилство. Меѓутоа, осомничениот не постапил по правосилната судска одлука.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот и му определил притвор во траење од осум дена.​​

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

Мицкоски со Али Експрес ќе спасува „жива глава“ за референдумот против ЕУ

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk