Летонија, Литванија и Естонија постигнаа начелен договор за ограничување на движењето на руските државјани преку своите граници со Русија и Белорусија, изјави естонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.
Трите балтички земји очекуваат да воведат забрана за влез до средината на септември, објави Ројтерс.
Во изминатите неколку недели и месеци драстично се зголеми прекуграничниот премин на руски државјани кои имаат шенген визи. Ова станува прашање на јавна безбедност, но е и прашање од морална и политичка природа, истакна Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.
Возачите на товарни возила, дипломатите и оние кои ја преминуваат границата од хуманитарни и семејни причини ќе бидат изземени од ограничувањата.