ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Британската влада прогласи национална жалост, Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал

September 9, 2022 17:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет.

Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон.

Авионот на кралот Чарлс Трети слета денеска во Лондон

Новиот британски монарх е повикан да ги исполнува своите кралски должности по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст во нејзината резиденција Балморал во Шкотска.

Авионот на кралот Чарлс денеска слета во воздухопловна база надвор од Лондон.

Кралот и неговата сопруга Камила се упатија кон Бакингемската палата.

Во Лондон, кралот Чарлс Трети треба да се сретне за првпат со новата британска премиерка Лиз Трас, која во вторникот беше назначена на функцијата од кралицата Елизабета. Тоа беше нејзиниот последен службен чин.

Подоцна во текот на денот се очекува новиот британски крал да има телевизиско обраќање, во кое ќе испрати порака не само до Британија, туку и ќе се претстави пред светот.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол.

Британската влада прогласи национална жалост

Британската Влада денеска официјално го прогласи почетокот на периодот на национална жалост за кралицата Елизабета Втора со „насоки за национална жалост“.

Во документот со упатства за веење знамиња, информации за патување и други деловни и јавни услуги, се наведува дека жалоста ќе трае до крајот на денот на државниот погреб.

Владата соопшти дека нема обврска за откажување или одложување спортски и други настани и затворање на места за забава во тој период, додавајќи дека тоа е дискреционо право на поединечни организации.

Бакингемската палата претходно соопшти дека периодот на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот. Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден.

„По смртта на Нејзиното Височество Кралицата, желбата на неговото височество кралот е од сега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост“, се вели во соопштението.

Одделно од националната жалост, кралската жалост треба да ја почитуваат „членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени на церемонијалните должности“.

Знамињата на кралските резиденции од вчера се на половина копје, и ќе останат на половина копје до 08:00 часот наутро на последниот ден од кралската жалост.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk