Албанскиот премиер Еди Рама денеска откри дека синоќа бил извршен нов кибер напад врз неговата земја, дека станува збор за истите напаѓачи и дека нападот бил разоткриен, како и осуден од сојузничките и пријателски земји.
Një tjetër sulm kibernetik nga të njëjtët agresorë, tanimë të ekspozuar dhe dënuar prej vendeve aleate e mike të Shqipërisë, është shënuar mbrëmë mbi sistemin TIMS! Ndërkohë vazhdojmë punojmë përditë pa orar me aleatët për t’i bërë të papenetrueshme sistemet tona digjitale.
— Edi Rama (@ediramaal) September 10, 2022
Информацискиот систем за управување на земјата (ТИМС) е нападнат, а истите агресори стојат зад него, напиша Рама на Твитер, алудирајќи на неодамнешниот напад за кој Тирана тврдеше дека доаѓа од Иран.