Украинската армија останува една од оние со најголем број жени кои служат во нејзините редови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Украинските жени, рамноправно со мажите, ја бранат својата родна земја и ги извршуваат најтешките задачи. Нашата армија беше и е една од оние со најголем број жени во своите редови“, рече Зеленски.
Според него, кога се работи за заштита на слободата, не е важно дали си маж или жена. „И Украинците и нашата борба го докажаа тоа“, напиша Зеленски.
Шефот на украинската држава на Јутјуб каналот на United24 Media, објави ново видео со наслов „Борба за слобода“, посветено на украинските бранителки, нивниот професионализам и одлуката да одат во војна.
Подготви: Ј. Ѓ.